Стигна до 10 милијарди прегледи, не се знае кој ја напишал - Факти за заразната детска песна Baby Shark

Популарната детска песна за бебето ајкула и неговото семејство, Baby Shark, за првпат се појави во 2016-тата година, а сега стана првото видео на YouTube со 10 милијарди прегледи.

stigna-do-10-milijardi-pregledi-ne-se-znae-koj-ja-napishal-fakti-za-zaraznata-pesna-baby-shark-01.jpg

Во ноември 2020 година, Baby Shark стана најгледаното видео, а сега ја надмина неверојатната бројка од 10 милијарди прегледи. Оние што имаат мали деца знаат дека нема спас од Baby Shark.

Песната се слуша постојано, низ продавниците има играчки со познатите ликови од спотот, а на одредени телевизии веќе почна да се емитува и цртан филм со семејството ајкули.

Во продолжение проследете неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за оваа песна:

Никој не знае кој точно ја напишал песната. Се претпоставува дека со години наназад песната се пеела како приспивна песна, пред 10-годишната Хоуп Сегоин да ја сними.

Според други информации се верува дека оваа песна редовно се пеела во летните кампови, а затоа што не била потребна музика, секое дете можело да ја пее.

Во 2016-та година јужнокорејската образовна продуцентска куќа „Пинкфонг“ ја објави најпознатата верзија на песната, а постојат и голем број други изведувачи што ја пеат истата песна.

Песната е мошне забавна за децата затоа што има ограничен речник и е мошне лесна за учење, а дополнително помага и тоа што има забавна и предвидлива музичка заднина. Освен тоа интересно е што со оваа песна, децата ги редат сите членови во семејството: бебе, мама, тато, баба, дедо…

Песната за првпат била пуштена во Германија во 2007-мата година. Песната Kleiner Hai беше малку помрачна од детската верзија и беше денс-хит кај тамошната публика.

Денес има Baby Shark предизвици каде родителите и децата го изведуваат познатиот танц, а се вклучени и зумба движења.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
„Сакам да си најдам маж кој ќе ме финансира, а јас само да си седам дома и да ги чувам децата“ „Се знае - мажот се грижи за жената, а таа се грижи за децата. Мажот со кој ќе б...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg