Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Девојче (10) од Русија преживеало 18 часа на -11 степени прегрнувајќи се со улично куче (фото)

Кога 10-годишната Вика си одела накај дома, почнала снежна бура поради што се изгубила. По цели 18 часа, девојчето било пронајдено под тераса, а вели дека ги преживеало ниските температури кои се спуштиле до -11 степени прегрнувајќи улично куче.

devojche-10-od-rusija-prezhivealo-18-chasa-na-11-stepeni-pregrnuvajkji-se-so-ulichno-kuche-foto-01.jpg

Вика има 10 години и живее во Углегорск – град на најголемиот руски остров Сахалин. На 13 јануари, додека се враќала од училиште почнало да врне снег, по што малата Вика се изгубила.

Нејзиното семејство се подготвувало за најлошото бидејќи не само што во областа имало бура и снежна покривка од 60 сантиметри, туку и температурите се спуштиле до -11 степени Целзиусови.

devojche-10-od-rusija-prezhivealo-18-chasa-na-11-stepeni-pregrnuvajkji-se-so-ulichno-kuche-foto-02.jpg

По 18 часа, полицијата успеала да го најде девојчето кое го преживеало студот благодарение на улично куче. Самото девојче изјавило дека ја поминало ноќта „прегрнувајќи меко улично куче“ за да се стопли.

„Вистинско чудо е што девојчето преживеало такви временски услови“, вели еден од локалците кој учествувал по потрагата.

devojche-10-od-rusija-prezhivealo-18-chasa-na-11-stepeni-pregrnuvajkji-se-so-ulichno-kuche-foto-03.jpg

Полицијата ја нашла Вика под ниска тераса кој нудела некаква заштита од бурата. Таа и кучето лежеле на стар душек кој бил оставен од локалците како креветче за улични кучиња.

devojche-10-od-rusija-prezhivealo-18-chasa-na-11-stepeni-pregrnuvajkji-se-so-ulichno-kuche-foto-04.jpg

Вика имала и смрзнатини, но ништо сериозно.

„Се криеше под тераса со кучето. Ова девојче многу сака животни и постојано си игра со уличните кучиња. По училиште отишла да ги нахрани, кога ја зафатиле силните ветришта од бурата“, вели една од полицајките кои биле дел од истрагата.

devojche-10-od-rusija-prezhivealo-18-chasa-na-11-stepeni-pregrnuvajkji-se-so-ulichno-kuche-foto-05.jpg

Откако била најдена, Вика била однесена во болница, а истиот ден била пуштена и дома. Сега, таа и мајка ѝ планираат да го вдомат кучето ако успеат да го најдат.

Оваа приказна со среќен крај е само уште еден доказ дека кучињата навистина се најдобриот пријател на човекот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Бизарниот „харем од мајки“ на Илон Маск: Им нудел милиони долари на жени за да му раѓаат деца, памет... Според последната жена која излезе со тврдење дека родила дете од Илон Маск, мил...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg