Исповед на девојка: „Премногу сум убава – другарките ме одбегнуваат затоа што сум во центарот на вниманието“

„Девојките знаат да бидат навистина злобни“ – вели оваа Англичанка, која раскажува како поради добриот изглед добива посебен третман од мажите и од момчињата, но заради тоа другарките сè почесто ја одбегнуваат и им пречи што таа е „во центарот на вниманието“.

ispoved-na-devojka-premnogu-sum-ubava-drugarkite-me-odbegnuvaat-i-im-prechi-toa-shto-sum-vo-centarot-na-vnimanieto-01.jpg

Лили Питфилд (25) од Лондон, работи како моден асистент, а вели дека во моментов се соочува со голем број проблеми затоа што е премногу убава.

Девојката ја споделува својата приказна за The Sun и вели дека поради добриот изглед постојано ги губи пријателите, на кои им пречи тоа што таа е во центарот на вниманието.

„Во минатото загубив голем број пријателки затоа што ним им пречеше тоа што јас бев постојано во центарот на вниманието, иако воопшто не сакам да бидам.

ispoved-na-devojka-premnogu-sum-ubava-drugarkite-me-odbegnuvaat-i-im-prechi-toa-shto-sum-vo-centarot-02.jpg

Други, пак, не сакаат да ме канат на нивните роденденски забави затоа што веруваат дека ќе останат во моја сенка. Девојките може да бидат навистина злобни.

Ме повредува затоа што јас сум љубезна, се шегувам и воспитана сум да бидам убава и од внатре и од надвор“ – вели таа.

Лили открива дека уште на 18 години сфатила колку нејзиниот добар изглед влијае врз другите луѓе, затоа што тогаш првпат без да очекува, некој маж одлучил да ја почести пијалак, а и сега постојано е сведок на тоа како нејзиниот добар изглед ѝ носи приоритетен третман.

„Кога излегувам со пријателите, момчињата секогаш ме избираат и ми даваат пијалаци, обезбедувањето во клубовите не ми дозволува да чекам и веднаш влегувам прва.

ispoved-na-devojka-premnogu-sum-ubava-drugarkite-me-odbegnuvaat-i-im-prechi-toa-shto-sum-vo-centarot-05.jpg

Тоа предизвикува незадоволство кај моите пријателки што не го добиваат истиот однос, но што да правам? Јас не очекувам луѓето така да ме третираат, но се случува“ – вели таа.

ispoved-na-devojka-premnogu-sum-ubava-drugarkite-me-odbegnuvaat-i-im-prechi-toa-shto-sum-vo-centarot-03.jpg

Во 2016-та година Лили била на одмор во Грција, а вели дека сопственикот на суперјахта ја поканил со него, каде цел ден добивала бесплатна луксузна храна и пијалаци.

„Не бараше ништо за возврат, само ми рече дека се надева дека моето присуство ќе ги привлече ’кул‘ луѓето на забавата“ – вели таа и додава дека непознатите луѓе секогаш се љубезни со неа и ѝ се чини дека секогаш го добива тоа што го сака.

ispoved-na-devojka-premnogu-sum-ubava-drugarkite-me-odbegnuvaat-i-im-prechi-toa-shto-sum-vo-centarot-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...

Најчитани неделава