Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


Ужасна грешка: Две Американки биле заменети во болница откако се родиле – дознале дури 55 години подоцна

На 18-ти мај 1964 година, Тина и Џил биле родени во иста болница. Но, најверојатно поради ненамерна грешка, биле заменети, а станале свесни за ова дури 55 години подоцна. Сега тие ја тужат болницата за небрежност и нанесување емоционална болка.

uzhasna-greshka-dve-amerikanki-bile-zameneti-vo-bolnica-otkako-se-rodile-doznale-duri-55-godini-podocna-01.jpg

Во САД постои компанија – Ancestry – преку која можете да откриете кои се вашите предци со помош на ДНК тест. Корисниците испраќаат нивен ДНК примерок, компанијата прави тест, а потоа им испраќа извештај со имињата на нивните предци.

Овие тестови се забавни за Американците бидејќи им овозможуваат да дознаат нешто повеќе за нивното потекло, но некогаш откриваат и мрачни тајни.

Токму ова им се случило на 57-годишните Тина Енис и Џил Лопез кои благодарение на овие тестови сфатиле дека биле заменети во болницата откако се родиле.

Односно, без да бидат свесни за тоа, родителите на Тина си заминале со Џил, а родителите на Џил заминале дома со Тина.

uzhasna-greshka-dve-amerikanki-bile-zameneti-vo-bolnica-otkako-se-rodile-doznale-duri-55-godini-podocna-05.jpgТина Енис (лево) и Џил Лопез (десно)

Цели 55 години ниту едно од семејствата не било свесно за оваа случајна замена, сè додека Тина Енис не решила да направи ДНК тест со помош на Ancestry.

Пред околу две години, Тина Енис испратила ДНК примерок до компанијата, но кога го добила извештајот на него имало само имиња што не ги препознава.

На извештајот таа очекувала да ги види имињата на нејзините родители, како и баби и дедовци, но листата ја сочинувале само имиња што никогаш не ги слушнала.

Бидејќи и нејзината мајка, Кетрин Џоунс, не ги препознала имињата, решила и таа да го направи тестот. Кога ги добила резултатите, двете жени сфатиле дека воопшто не се мајка и ќерка.

uzhasna-greshka-dve-amerikanki-bile-zameneti-vo-bolnica-otkako-se-rodile-doznale-duri-55-godini-podocna-02.jpgТина Енис (горе лево) и биолошката мајка на Џил - Кетрин Џоунс (доле лево)

Бидејќи Тина била убедена дека сигурно станува збор за грешка од страна на компанијата, им се јавила. Оттаму само ѝ рекле дека луѓето секогаш откриваат нешто необично за нивните предци кога ги прават тестовите.

Тогаш ќерката на Тина помислила дека можеби нејзината мајка била заменета во болница и почнала да истражува. Младата девојка открила дека во близина живее жена која е родена на истиот ден како Тина. Истовремено, жената премногу личела на Кетрин Џоунс – мајката на Тина.

uzhasna-greshka-dve-amerikanki-bile-zameneti-vo-bolnica-otkako-se-rodile-doznale-duri-55-godini-podocna-07.jpgТина Енис (лево) и Џил Лопез (десно)

Тие веднаш стапиле во контакт со жената – Џил Лопез – и кога ѝ кажале што се случува, и таа решила да го направи тестот.

Резултатите покажале дека нејзината биолошка мајка е всушност жената што ја одгледала Тина, односно Кетрин Џоунс.

uzhasna-greshka-dve-amerikanki-bile-zameneti-vo-bolnica-otkako-se-rodile-doznale-duri-55-godini-podocna-03.jpgТина Енис (лево) и Џил Лопез (десно)

На Кетрин ѝ било тешко да поверува дека нејзината ќерка била заменета во болница, но штом видела фотографија од неа, се убедила.

„Изгледа потполно исто како мене и тоа ме уништи. Се чувствував како некој да ми го искорнал срцето. Не можам да се справам со ситуацијата“, вели Кетрин.

uzhasna-greshka-dve-amerikanki-bile-zameneti-vo-bolnica-otkako-se-rodile-doznale-duri-55-godini-podocna-04.jpgЏил Лопез (лево) и нејзината биолошка мајка Кетрин Џоунс (десно)

Додека Џил сега се обидува да се зближи со нејзината биолошка мајка, Тина ја нема таа можност. Нејзините биолошки родители, односно оние што ја изгледале Џил, веќе се починати.

„Џил имала можност да ги види моите вистински родители, а сега може да ги види и нејзините. Колку повеќе мислам на тоа, повеќе се растажувам“, вели Тина.

uzhasna-greshka-dve-amerikanki-bile-zameneti-vo-bolnica-otkako-se-rodile-doznale-duri-55-godini-podocna-06.jpgПочинатите биолошки родители на Тина

Сега, Тина, Џил и Кетрин ја тужат болницата за небрежност и нанесување емоционална болка. Но, од болницата тврдат дека наводно Тина и Џил биле родени во друга болница и дека поради тоа не се одговорни за настанатата ситуација.

Не е познато до каде е судскиот процес и дали трите жени ќе ја добијат посакуваната правда. 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работев напорно да ослабам, сега не сакам ниту да помислам да забременам и да добијам стрии“ „Самата помисла дека ќе добијам стрии и дека ќе се здебелам ме одвраќа од намера...
Украинка (30) гордо ја носи седата коса долга 1,5 метри: „Ја мијам еднаш неделно, некогаш не ја чешл... Ана има 30 години и коса која почнала да ѝ побелува на само 13-годишна возраст. ...
„Сопругот е 23 години постар од мене - се вознемирувам кога ми велат дека сум со него заради парите ... „Луѓето велат дека сум со него заради неговите пари и дека ако тој бил обичен чи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg