Се вљубила во поранешниот сопруг на прв поглед, а по разводот е меѓу најбогатите жени во Британија – Која е Аманда Кронин?
- Детали
- понеделник, 02 мај 2022
„Во Црвен крст донираше ваучер за дизјанерска облека и дизјанерски очила, а пред бездомник се фалеше со своето огромно богатство“ - Аманда Кронин е позната како една од најбогатите жени во Британија, а е мета на критики поради нејзиното однесување.
Аманда Кронин (45) е поранешен британски модел и инфлуенсерка која беше мошне актуелна откако го објави нејзиниот документарен филм „The Millionairess and Me“, каде говореше за нејзиното необично пријателство со Мартин Рид, филмски продуцент кој бил во затвор и бил бездомник откако одлучил да си замине од дома на 16 години.
Таа на Мартин му се фалеше со лускузниот начин на живот: му го покажа накитот во вредност од 10.000 британски фунти (околу 12.000 евра), позлатени чешми во тоалетот вредни 7.000 фунти (8.000 евра), а потоа го однесе во Монако и во Швајцарија на добротворен бал.
Исто така се пофали дека купила уште една луксузна палата за 3 милиони фунти што ја реновира и планира да ја продаде за 11 милиони.
Според гледачите на филмот, Аманда е „подла, дрска и злобна“ затоа што се фали со своето богатство пред луѓето што одвај сврзуваат крај со крај.
Гледачите ѝ забележаа и за тоа што во филмот додека сакаше да покаже дека навистина има големо срце Аманда неправилно го паркира автомобилот Bently и направи сообраќаен прекршок, а во добротворна продавница на Црвен крст наместо парична, даде донација во вид на Gucci ваучер и очила за сонце на Dior.
На социјалните мрежи, нејзиниот филм предизвика голем број негативни коментари кај оние што имале можност да го погледнат:
„Страшно е што може да ти направат парите. Оваа жена шокира со самобендисаноста и ароганцијата“, „Ако некогаш станам богата сакам да верувам дека нема да заборавам што значи да се бориш. Би сакала да им помагам на другите“, „Осумдесет и осум илјади фунти за кревет. Дали си нормална?“
Која е всушност Аманда Кронин?
На следната страна проследете неколку интересни факти за неа...
Би можело да ве интересира:





