Сопруга убавица и 4 деца: Факти за Ник Вујичиќ, мажот роден без раце и нозе, за кој само небото е граница
- Детали
- среда, 23 март 2022
На крајот од 2021-ва година инспиративниот маж со српско потекло го прослави роденденот и напиша: „Неверојатно сум благодарен што сум жив и што стигнав до 39 години. Животот навистина само станува подобар!“

Ник Вујичиќ е роден без раце и нозе, но тоа не го спречува да живее исполнет и динамичен живот. Тој има прекрасна сопруга, 4 деца, плива, сурфа, игра голф и што уште не.
Години наназад ги полни медиумите со својот инспиративен стил на живот, а работи и како мотивациски говорник.
Ник има само малечко стапало на левата нога, кое му помага да држи баланс, а дури и да пишува со пенкало ставено меѓу прстите.
Факти за неговиот живот:
Има 39 години, роден е во Мелбурн, Австралија, но потеклото му е српско. Неговите родители Душанка и Борислав Вујичиќ од Србија се отселиле во Австралија. Роден е во декември 1982 година.
Страда од tetra-amelia syndrome синдром, многу ретко нарушување кое се карактеризира со отсуство на сите 4 екстремитети, а може да се појави поради мутации во гените.
Тој се венчаше со својата сакана Канае Мијахара по само неколку месеци состанување.
Свадбата им беше во 2021 година, а сега се горди родители на 4 деца.
Парот се запознал во Тексас кога таа дошла да слуша негов мотивациски говор. Брачниот живот им е хармоничен и нема никави скандали поврзани со нив.
Ник е основач на интернационалната непрофитна организација „Life Without Limbs“, преку која се обидува да им помогне и на други луѓе што се во ситуација како неговата.
Уште 5 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“
„Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс?
Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка...
Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Зошто бившиот сопруг сè уште ја посетува Андреа Јејтс, 25 години откако таа ги удави нивните 5 деца ...
На 20 јуни 2001 година, домаќинката Андреа повикала полиција и признала пред пол...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ...
„Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура...
Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...