Роналдо удри аутистично дете, па му се извини со бесплатни билети – Како одговори мајката?

„Ако некој го удреше на улица и потоа го поканеше на вечера, сигурно немаше да одиме. Што дека тој е Кристијано Роналдо, не му должиме ништо“ – вели мајката на аутистичното дете што настрада во изливот на бес на Кристијано Роналдо по загубениот натпревар.

ronaldo-udri-autistichno-dete-pa-mu-se-izvinuvashe-so-besplatni-bileti-kako-odgovori-majkata-01.jpg

Светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо е познат по тоа дека не знае како да прифати пораз, а минатата недела предизвика вистински инцидент откако замавна со раката и му го скрши мобилниот телефон на 14-годишно дете.

Како реагира мајката на детето?

По натпреварот од саботата во кој Манчестер загуби од Евертон, Кристијано Роналдо кога се движеше кон соблекувалните предизвика вистински инцидент и го удри 14-годишно аутистично дете Џејк Хардинг и му го скрши телефонот со кој го снимаше.

Мајката Сара Кели вели дека го однела нејзиниот 14-годишен син да го погледне натпреварот и да навива за Евертон, а момчето било мошне возбудено затоа што неговиот тим победил.

По инцидентот со Роналдо, мајката тврди дека раката на нејзиниот син има модринки, а фотографии од неговата рака беа објавени и во медиумите.

ronaldo-udri-autistichno-dete-pa-mu-se-izvinuvashe-so-besplatni-bileti-kako-odgovori-majkata-02.jpg

Сара појаснува дека ова бил фудбалски натпревар што момчето го гледало во живо, а дека немилиот настан го оставил во шок, иако заради аутизмот и диспраксијата му требало малку повеќе време да сфати што се случило.

ronaldo-udri-autistichno-dete-pa-mu-se-izvinuvashe-so-besplatni-bileti-kako-odgovori-majkata-03.jpg

Уште повеќе, проблемот бил во тоа што детето иако е обожавател на Евертон било мошне возбудено затоа што ќе го види својот идол Кристијано Роналдо.

„Тој му е идол. Да, син ми е од Евертон, но Роналдо е голем играч. Син ми беше пресреќен затоа што Роналдо ќе биде на стадионот“ – вели мајката.

ronaldo-udri-autistichno-dete-pa-mu-se-izvinuvashe-so-besplatni-bileti-kako-odgovori-majkata-06.jpg

Роналдо јавно се извини за настанот на Инстаграм и го повика момчето да дојде бесплатно да гледа натпревар на Олд Трафорд.

„Ако некој го удреше на улица и потоа го поканеше на вечера, сигурно немаше да одиме. Што дека тој е Кристијано Роналдо, не му должиме ништо, а тој се однесува како да му должиме услуга.

Ја одбивме понудата затоа што Џејк не сака да оди таму и да го види Роналдо“ – рече мајката и додаде дека сега сè е во рацете на полицијата.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава