Инфлуенсерка направи скандал со голите фотки пред свето дрво на Бали старо 700 години – ја депортирале, ѝ се заканува затвор

Не знаејќи дека станува збор за свето дрво старо 700 години, руската инфлуенсерка Алина позирала гола покрај него. Со ова таа покажала непочитување кон културата и традициите на Бали, па властите ја депортирале и доколку биде осудена, може да се соочи со парична казна и шест години затвор.

influenserka-pozirala-gola-pred-sveto-drvo-na-bali-staro-700-godini-vlastite-ja-deportirale-mozhe-da-dobie-6-godishna-kazna-zatvor-01.jpg

Алина Фазлеева е руска инфлуенсерка со над 28.000 следбеници, а периодов ја разбранува јавноста со нејзиното непочитување на културата и религијата на Бали.

Алина била на Бали со нејзиниот сопруг каде што решила да позира гола покрај дрво.

Проблемот е што дрвото е старо 700 години и за локалците е свето. Во нивната култура, дрвјата се сметаат за домови на богови, па затоа се свети. Никој не им наштетува, сите ги гледаат со почит, а дефинитивно никој никогаш не позира со нив гол.

influenserka-pozirala-gola-pred-sveto-drvo-na-bali-staro-700-godini-vlastite-ja-deportirale-mozhe-da-dobie-6-godishna-kazna-zatvor-02.jpg

Алина ја објави фотографијата на 1-ви мај и таа веднаш стана вирална, па за нејзиното непочитување дознале и властите на Бали.

Иако сега фотографијата е отстранета од нејзиниот Инстаграм профил, таа и нејзиниот сопруг биле депортирани од островот, а си заработиле и забрана за влез на Бали во следните шест месеци.

„Нивните активности го загрозија јавниот ред и покажаа непочитување кон локалните норми. Па, беа казнети со депортација. Нивните имиња ќе бидат додадени на листата со лица кои имаат забрана за влез“, изјави за медиумите шефот на службата за имиграција на Бали.

245205349_949285149134810_8103100980794769150_n.jpg

Кога воочиле колку сериозна грешка направиле, Алина и сопругот повторно го посетиле дрвото пред да бидат депортирани. Овојпат тие извеле ритуал со кој му побарале прошка.

Инфлуенсерката сподели фотка и видео од моментот каде што таа и сопругот му се поклонуваат на дрвото.

„Им се извинувам на сите луѓе од Бали и Индонезија. Жалам за моите постапки. Не мислев да ве навредам, не знаев апсолутно ништо за ова место. Само што се помолив под дрвото, па заминав во полициската станица да го објаснам инцидентот и да се извинам“, стои во описот напишан на индонезиски јазик.

influenserka-napravi-skandal-so-golite-fotki-pred-sveto-drvo-na-bali-staro-700-godini-ja-deportirale-i-se-zakanuva-zatvor-03.jpg

Следниот ден инфлуенсерката сподели уште една фотографија на која дланките и се склопени како за молитва. Во втората објава, Алина објаснува зошто позирала гола до дрвото.

„Незнајно направив голема грешка за која жалам и ја споделувам со вас за да не ја направите и вие. Има многу свети места на Бали и не сите имаат информативни знаци покрај нив, како што беше во мојот случај. Многу е важно да ги третирате овие места и традиции со почит.

Исто така, важно е прво да прашате дали е дозволено да се прават фотографии и видеа од некое место. Го сакам Бали со целото мое срце и уште еднаш им се извинувам на сите жители и ја барам нивната прошка“.

influenserka-napravi-skandal-so-golite-fotki-pred-sveto-drvo-na-bali-staro-700-godini-ja-deportirale-i-se-zakanuva-zatvor-04.jpg

На крај, инфлуенсерката сподели и уште три фотки од Бали.

Во долгиот опис Алина објаснува дека фотките се направени за време на церемонија за прочистување во близина на дрвото на денот пред да си заминат. Таа открива и дека добиле прошка од жителите.

„Ова е многу свет момент бидејќи сите присутни ни простија за грешката што ја направивме од незнаење“.

influenserka-napravi-skandal-so-golite-fotki-pred-sveto-drvo-na-bali-staro-700-godini-ja-deportirale-i-se-zakanuva-zatvor-02.jpg

Иако Алина и сопругот добиле прошка од жителите на селото во близина на дрвото, забраната за влез на Бали сепак си стои. Покрај тоа, според Independent, Алина може да добие казна од околу 64.000 евра и казна затвор од 6 години доколку биде осудена.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...

Најчитани неделава