30 дена пешачев секој ден по половина час – кои разлики ги забележав?

„Секој ден можев да се исклучам и да се опуштам, забележав дека телото ми стана поцврсто и позатегнато“ – вели една Англичанка која си дала предизвик 30 дена да прави получасовни прошетки и да забележи што ќе се случи.

30-dena-peshachev-sekoj-den-po-polovina-chas-koi-razliki-gi-zabelezhav-01.jpg

Некои од светските тренери на оние што не сакаат премногу да вежбаат им препорачуваат дневно да направат околу 10.000 чекори или да пешачат од 40 минути до 1 час, со цел да останат во топ-форма.  

Џес Бентелмен која работи како менаџер за социјални медиуми во магазинот Woman’s Health си дала предизвик секој ден да пешачи по половина час, а искуствата од овој предизвик ги пренесува во подолг текст објавен во споменатото списание.

30-dena-peshachev-sekoj-den-po-polovina-chas-koi-razliki-gi-zabelezhav-02.jpg

Како што вели, предизвикот го започнала за време на карантинот, а по олеснувањето на мерките продолжила да пешачи секој ден затоа што не била доволно мотивирана за да се врати во теретаната.

Веќе добро е познато дека пешачењето е бесплатно, не ви треба посебен простор, а можете да пешачите со пријателите или сами. Како што вели, тоа што има миленик во голема мера ѝ помогнало да биде мотивирана за да го издржи предизвикот.

„Мора да напоменам дека имам куче што треба да го шетам и ако нешто може да ме извади од дома дури и кога не ми се мрднува никаде, тоа е Френк и неговата потреба да ги собере сите стапчиња што ќе ги види во паркот. Тој ми помогна мојот предизвик да помине побрзо, а истовремено и тој го доби потребното време за вежби“ – вели таа.

30-dena-peshachev-sekoj-den-po-polovina-chas-koi-razliki-gi-zabelezhav-04.jpg

Според неа пешачењето е вежба што во голема мера се разликува од вежбањето во сала или на справи, затоа што додека во теретаната се обидувате да вежбате што е можно повеќе и да направите поинтензивни вежби, пешачењето ви помага да се опуштите и да се релаксирате.

„Можам да се фокусирам на одлуките што треба да ги донесам, додека ги пуштам нозете да си ја завршат работата, внимавајќи на дишењето и го менувам темпото како што мене ми одговара.

Заради ова само по неколку недели почнав да се радувам на секоја прошетка.

Тие станаа мој ритуал во рамки на кој можев да се ‘исклучам’. Немав потреба да размислувам за апликации за фитнес или планови за вежби, само ја слушав музиката и му верував и ги следев природните потреби на моето тело“.

30-dena-peshachev-sekoj-den-po-polovina-chas-koi-razliki-gi-zabelezhav-03.jpg

Џес признава дека во наредните две недели одлучила предизвикот да го продолжи така што наместо да оди во природа почнала да чекори (многу бавно) по лента, а по завршувањето на месецот резултатите биле видливи како во поглед на нејзината физичка, така и со менталната состојба.

„Получасовните прошетки надвор ми помогнаа да се ослободам од притисокот за вежбање, да излезам од дома и да си го ослободам мозокот. Успевав да се опуштам, да дишам свеж воздух, да се движам и да ја подобрам циркулацијата“ – вели таа.

30-dena-peshachev-sekoj-den-po-polovina-chas-koi-razliki-gi-zabelezhav-05.jpg

Од друга страна, пешачењето на лента ѝ помогнало да се испоти и да го зацврсти торзото.

„Искрено овие ‘пешачења’ беа потешки од моите прошетки во природа, но сепак беа изводливи и не се чувствував преморено како што се чувствувам кога ќе излезам од теретана“ – вели таа.

30-dena-peshachev-sekoj-den-po-polovina-chas-koi-razliki-gi-zabelezhav-06.jpg

За крај Џес појаснува дека најверојатно нема да продолжи со секојдневните прошетки, но дефинитивно двапати во неделата тренинзите во теретана ќе ги замени со прошетки.

Колку пати неделно вие одите во прошетки и дали би прифатиле ваков предизвик?

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Си ги отстранив градите со операција бидејќи мразев како изгледаат – уште се чувствувам како жена“ Млада Американка си ги отстранила двете дојки не бидејќи има рак или бидејќи сак...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...

Најчитани неделава