Нема возачка, но има колекција од луксузни автомобили – Запознајте го Доналд Доуер (15), најбогатото дете во САД

Можност да лета во цепелин, колекција од луксузни автомобили (иако сѐ уште нема возачка дозвола) и огромен базен во кој воопшто и не влегува. Како изгледа животот на 15-годишното „најбогато дете во Америка“ и како успева да заработи по 20.000 долари неделно?

nema-vozachka-no-ima-kolekcija-od-luksuzni-avtomobili-zapoznajte-go-donald-douer-najbogatoto-dete-vo-sad-01.jpg

Додека за најголем број момчиња на возраст од 15 години, главна преокупација се училиштето, излегувањата и љубовните маки, Доналд Доуер (15) од Лос Анџелес може да се пофали дека е преокупиран со заработката на милиони.

Себеси се нарекува „најбогатото дете во САД“, се проценува дека неговото богатство тежи повеќе милиони долари, а неделно заработува околу 20.000 долари. Солидна сума, за која многумина возрасни би можеле само да сонуваат, нели?

Се поставува прашањето како Доналд успеал да заработи толку многу пари и што прави со нив?

Во 2019-та година, Доналд направил свој YouTube канал каде редовно споделува видеа. Во моментов неговиот канал Donlad има 596.000 следбеници, а во последните години е активен и на Инстаграм и на ТикТок.

Тој неодамна сподели видео во кое откри дека има само 15 години и конечно добил одобрување за да може да полага за возачка дозвола во САД, но тоа не го спречуваше младиот инфлуенсер во минатото да објавува видеа во кои ги вози автомобилите од неговата скапа колекција, како McLaren и Bugatti.

https://www.youtube.com/watch?v=LOPAFSBgkis

Доналд заработува пари од објавувањето на видеата, но и од спонзорите чиишто производи ги рекламира.

Тој минатата година гостуваше во YouTube емисијата Truly, што редовно објавува реални приказни од животот, каде откри дека има повеќе сопствени куќи во Лос Анџелес (САД), а дека во една од нив има базен што воопшто не го користи.

Погледнете повеќе фотографии од најбогатото дете во САД:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава