„Зависник“ од тетовирање има над 600 тетоважи – сега планира да ги истетовира очите и половите органи (фото)

Крис Далзел од Ирска има 36 години и има потрошено над 30.000 долари за повеќе од 600 тетоважи. Тој планира да го покрие секој дел од телото со тетоважи, вклучувајќи ги и неговите полови органи.

zavisnik-od-tetoviranje-ima-nad-600-tetovazhi-sega-planira-da-gi-istetovira-ochite-i-polovite-organi-foto-01.jpg

Крис Далзел е познат како „најтетовираниот Ирец“ и од тинејџерските години до денес си има направено над 600 тетоважи.

36-годишниот Крис ја направил првата тетоважа на 16 години и досега има потрошено над 30.000 долари на тетоважи.

zavisnik-od-tetoviranje-ima-nad-600-tetovazhi-sega-planira-da-gi-istetovira-ochite-i-polovite-organi-foto-09.jpg

zavisnik-od-tetoviranje-ima-nad-600-tetovazhi-sega-planira-da-gi-istetovira-ochite-i-polovite-organi-foto-08.jpg

Крис, кој е татко на две деца, вели дека нe планира да престане со тетовирањето. Но, тој истакнува дека ако неговите тетоважи почнат да претставуваат проблем за неговите деца, тогаш дефинитивно ќе престане да прави нови тетоважи.

За DailyMail, Крис вели дека нема зажалено за ниту една тетоважа досега. Сепак, вели дека откако почнал да го тетовира лицето во 2016 година неретко е мета на исмејување и критики.

zavisnik-od-tetoviranje-ima-nad-600-tetovazhi-sega-planira-da-gi-istetovira-ochite-i-polovite-organi-foto-04.jpg

„Луѓето се многу отворени за критикувањето. Кога одам по улица не ни чекаат да поминат и само велат ’Гледај му го лицето‘. Проблемот е што луѓето сметаат дека ако имате тетоважи, сигурно сте дел од некоја банда.

Само затоа што сум покриен со тетоважи од глава до пети не значи дека сум насилна личност. Некогаш луѓето почнуваат да разговараат со мене и тогаш ми велат ’Имав потполно погрешно мислење за тебе‘“.

zavisnik-od-tetoviranje-ima-nad-600-tetovazhi-sega-planira-da-gi-istetovira-ochite-i-polovite-organi-foto-12.jpg

Планот на Крис е да го истетовира секој дел од неговото тело, вклучувајќи ги очите, долниот дел од стапалата, па дури и неговите полови органи.

„Отсекогаш сум сакал да бидам покриен со тетоважи. Никогаш не сум размислувал за тоа како ќе ме гледаат другите“.

zavisnik-od-tetoviranje-ima-nad-600-tetovazhi-sega-planira-da-gi-istetovira-ochite-i-polovite-organi-foto-03.jpg

Крис открива и дека за некои тетоважи претрпел многу болка – кога ги тетовирал очните капаци, имал толку големи отоци што три дена бил слеп. Но, вели дека му се допаѓа болката од тетовирањето.

„Кога излегов од салонот бев потполно слеп. Додека си одев удрив во бандера, не можев да си го најдам автомобилот. Па, четири часа чекав да дојде девојка ми. Беше страшно додека бев слеп и си ставав замрзнати краставици и мраз на очите“.

zavisnik-od-tetoviranje-ima-nad-600-tetovazhi-sega-planira-da-gi-istetovira-ochite-i-polovite-organi-foto-11.jpg

Пред неколку години, ќерката на Крис имала сериозни здравствени проблеми, па тој вели дека токму тетовирањето му помагало да се смири.

„Тогаш тетовирањето ми беше како механизам за справување. Таа чувствуваше многу болка додека беше во болница. Па, ќе отидев во салон за тетовирање и ќе прашав кое е најболното место за тетоважа.

Можеби ви звучи смешно, но со тоа чувствував како да преземам дел од болката што ја чувствуваше таа“.

zavisnik-od-tetoviranje-ima-nad-600-tetovazhi-sega-planira-da-gi-istetovira-ochite-i-polovite-organi-foto-13.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Потрошив 50.000 долари на тетоважи, членовите на моето семејство ме отфрлија, а други ме прашуваат ... „Го сакам процесот на тетовирање и не планирам да се откажам“ – открива овој 28-...
Девојка (23) и нејзиниот партнер (63) ја разбрануваа јавноста: „Ме разгалува со скапи подароци, сите... Вилоу (23) и нејзиниот партнер (63) се соочуваат со многу критики поради нивната...
Украинка (30) гордо ја носи седата коса долга 1,5 метри: „Ја мијам еднаш неделно, некогаш не ја чешл... Ана има 30 години и коса која почнала да ѝ побелува на само 13-годишна возраст. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg