Застрашувачката приказна за „куќата убиец“ во Венеција – тие што не верувале во легендите платиле со животот (фото)
Неколку години подоцна грофот Филипо Џордано Деле Ланце одлучил да ја купи куќата, а бил најден мртов во неа во 1970-та година. Се смета дека бил убиен од хрватскиот љубовник Раул Блашиќ со кого имал љубовна врска. Блашиќ по ова побегнал во Лондон каде бил убиен.

Менаџерот на култниот рок состав The Who, Кит Ламберт бил меѓу оние што ја купиле куќата. Набрзо откако станал сопственик на палатата, Кит починал во Лондон, откако претходно паднал по скали.
Тој тврдел дека не верува во проклетството, но се знае дека на своите гости им препорачал да спијат во околните хотели за да ги избегнат духовите во куќата.

Во 80-тите куќата била купена од страна на венецискиот бизнисмен Фабрицио Ферари. Тој го загубил целото богатство, а неговата сестра Николета (со која живеел заедно во куќата) починала во сообраќајна несреќа.

Кон крајот на 80-тите години од минатиот век куќата ја купил Раул Гардини, кој сакал да ѝ ја подари на својата ќерка. По финансиските проблеми со кои се соочил, Гардини се самоубил во 1993-та година.

Се знае дека Вуди Ален во 90-тите сакал да ја купи куќата, но кога ги слушнал приказните се предомислил.

Во 2006-та година непознат сопственик ја купил палатата преку офшор компанија и ја реставрирал.

Теориите за тоа од каде потекнува проклетството на куќата се различни. Едни веруваат дека куќата била изградена на место каде што се наоѓала масовна гробница за починатите од чума за време на пандемијата, а други дека аристократот Џовани Дарио бил проколнат затоа што украл скапоцен камен додека бил сенатор.

Како и да е, Palazzo Dario со векови опстојува покрај големиот канал, напуштена, закривена, а во себе ги крие мистериите за големиот број несреќи на нејзините сопственици.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура...
Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс?
Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо...
23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ...
„Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ...
Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“
„Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...