Кралицата Летиција мета на критики: Со кратките здолништа го прекрши кралскиот протокол (фото+видео)
- Детали
- четврток, 11 август 2022
Шпанската кралица Летиција деновиве е топ тема заради модните изданија на летниот одмор со кои руши стереотипи и изгледа одлично - таа прошета во хит мини фустанчето од ZARA и во кратки шорцеви, а твитерџиите водат дебата за тоа дали кралицата го прекршила протоколот со кратките здолништа.
Шпанската кралица Летиција честопати привлекува внимание со своите модни комбинации, а овојпат покажа дека и жените што се на прагот на шестата деценија може да изгледаат одлично со разголени нозе.
Летиција деновиве е на одмор заедно со нејзиниот сопруг, кралот Фелипе Шести и ќерките Леонор и Софија во Палма де Маљорка.
Кралското семејство беше фотографирано додека шета низ центарот на градот. Летиција и Фелипе беа модно усогласени, во неформално издание, но сите забележаа дека Летиција во оваа прилика носи кратки шорцеви во кои ги покажа извајаните нозе.
Pimkie шорцевите ги искомбинира со бела кошула од Hugo Boss и бели еспадрили од истата модна куќа.
Забележително е тоа што кралското семејство одлучи да излезе и да се прошета без обезбедување, а голем број туристи што се најдоа во нивна близина ги снимаа со мобилните телефони.
Инаку, најголемата дебата на Твитер настана претходно, кога кралицата на вечера одлучи да се облече во сличен фустан како нејзините ќерки од ZARA, а многумина велат дека го прекршила кралскиот протокол заради екстремно краткото здолниште.
„Кралицата (Летиција Ортиз) го покажа младешкиот изглед! Срамота! Ќе наполни 50 години и се натпреварува со ќерките тинејџерки. Мора да помине часови по протокол и правилно однесување за да научи што не треба да прави како придружничка на кралот“
„Болно е да ја гледаш кралицата на овие фотографии“
Други пак ѝ замеруваат што му дозволила на кралот Фелипе да се шета во кратки шорцеви.
Прочитајте и Свекорот не ја сакал и ја нарекувал „слугинка“, ја обвинуваа за абортус во првиот брак – Факти за кралицата Летиција од Шпанија
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





