„Мојот сопруг ја планира мојата автомобилска несреќа“: Принцезата Дијана си ја предвидела смртта во морничаво писмо

„Оваа фаза од мојот живот е најопасна – мојот сопруг планира ’несреќа‘ со мојот автомобил, проблеми со кочниците и сериозна повреда на главата“, напишала Дијана во писмо околу два месеца по разводот со Чарлс.

mojot-soprug-ja-planira-mojata-avtomobilska-nesrekja-princezata-dijana-si-ja-predvidela-smrtta-vo-mornichavo-pismo-01.jpg

Наскоро на Discovery+ ќе почне да се емитува нова документарна серија – The Diana Investigations – чие дејство ќе се фокусира на несреќата во која загина принцезата Дијана.

Серијата ќе се емитува на стриминг платформата од 22-ри август, но неколку светски медиуми веќе имаа можност да дознаат некои детали.

Можеби најморничавиот детаљ што е објавен досега се однесува на порака во која принцезата Дијана ја предвидела својата смрт.

Дијана загина во Франција на 31-ви август 1997 година во сообраќајка. До денес, постојат разни теории на заговор за несреќата, а некои сметаат дека принцезата била убиена.

mojot-soprug-ja-planira-mojata-avtomobilska-nesrekja-princezata-dijana-si-ja-predvidela-smrtta-vo-mornichavo-pismo-03.jpg

Во своето предвидување, The Daily Beast открива дека Дијана се сомневала дека ќе ѝ се случи нешто такво.

Според документарецот, на 30-ти октомври 1996 година, правниот застапник на принцезата Дијана – Виктор Мишон – имал состанок со познатиот американски новинар и автор Патрик Џефсон. Тогаш Патрик бил и личен секретар на принцезата.

На состанокот присуствувала и Дијана.

mojot-soprug-ja-planira-mojata-avtomobilska-nesrekja-princezata-dijana-si-ja-predvidela-smrtta-vo-mornichavo-pismo-10.jpg

Тогаш Дијана му река на Виктор дека, од сигурни извори, добила информација дека до април 1996 година некој ќе се обиде „да се ослободи од неа“ или ќе се обиде да ѝ нанесе сериозни повреди.

Дијана истакнала дека ова најверојатно би се случило во сообраќајна несреќа. Таа сметала дека некој ќе ги оштети кочниците на автомобилот или ќе направи нешто слично, за несреќата навистина да изгледа како несреќа, а не обид за убиство.

mojot-soprug-ja-planira-mojata-avtomobilska-nesrekja-princezata-dijana-si-ja-predvidela-smrtta-vo-mornichavo-pismo-07.jpg

Виктор Мишон го запишал сето ова, а писмото што го напишал веќе е познато како „белешка на Мишон“.

Помалку од две години подоцна, Дијана загина во сообраќајка. Со неа загина и нејзиниот тогашен партнер Доди Ал Фајед, како и нивниот возач Хенри Пол.

mojot-soprug-ja-planira-mojata-avtomobilska-nesrekja-princezata-dijana-si-ja-predvidela-smrtta-vo-mornichavo-pismo-06.jpg

Возачот, кој бил под дејство на алкохол и препишани лекови, удрил со автомобилот во столб додека се движел со брзина од 100 километри на час (многу над дозволеното).

Возачот всушност се обидувал да им избега на папараците кои го следеле автомобилот со мотори.

mojot-soprug-ja-planira-mojata-avtomobilska-nesrekja-princezata-dijana-si-ja-predvidela-smrtta-vo-mornichavo-pismo-02.jpg

Кога се случила несреќата, Виктор Мишон му го дал писмото од состанокот со Дијана на Пол Кондон – полициски комесар од Лондон. Пол, пак, го ставил во сефот во зградата на седиштето на полицијата и со години стоело таму.

Дури во 2004 година, британската полиција почнала подетално да го разгледува случајот со смртта на принцезата Дијана и од истрагата направиле извештај долг 832 страници. Овој извештај беше објавен во 2006 година.

Според адвокатот што го застапуваше загинатиот партнер на Дијана, во целата оваа истрага клучна била белешката на Мишон.

mojot-soprug-ja-planira-mojata-avtomobilska-nesrekja-princezata-dijana-si-ja-predvidela-smrtta-vo-mornichavo-pismo-08.jpg

Сегашниот полициски комесар, пак, кој работел на истрагата, вели дека дознал за оваа белешка дури откако дошол на позицијата. 

„Станав свесен за белешката дури кога самиот станав комесар. Ми кажаа и дека самиот Виктор Мишон не ѝ придавал големо значење. Го интервјуирав Мишон во три наврати бидејќи белешката многу ме загрижуваше.

Го видов Мишон околу еден месец пред да умре, во пролетта во 2005 година, и тој се држеше до фактот дека мислел дека Дијана била само параноична“.

Комесарот вели дека никој не го сфаќал сериозно она што го кажала Дијана. 

mojot-soprug-ja-planira-mojata-avtomobilska-nesrekja-princezata-dijana-si-ja-predvidela-smrtta-vo-mornichavo-pismo-09.jpg

Дијана напишала уште едно необично писмо, и тоа во 1996 година, околу два месеца по разводот со принцот Чарлс. Писмото го нашол нејзиниот батлер, а беше објавено во книгата A Royal Duty од 2003 година.

„Денес во октомври седам овде на моето биро и копнеам некој да ме прегрне и да ме охрабри да останам силна.

Оваа фаза од мојот живот е најопасна – мојот сопруг планира ’несреќа‘ со мојот автомобил, проблеми со кочниците и сериозна повреда на главата за да си го ослободи патот и да се венча со Тиги“, напишала принцезата.

Според Daily Beast, Тиги била личната асистентка на принцот.

mojot-soprug-ja-planira-mojata-avtomobilska-nesrekja-princezata-dijana-si-ja-predvidela-smrtta-vo-mornichavo-pismo-04.jpg

Последната истрага за смртта на Дијана ја водеше сегашниот полициски комесар, но тој дошол до заклучок дека немало никаков заговор за убиство на Дијана, и покрај нејзините сомнежи. Односно, нејзината смрт навистина била само несреќа.

Новиот документарец ќе ги истражува сите детали од оваа истрага и сосема возможно е да открие дека полицискиот комесар направил некој пропуст.

mojot-soprug-ja-planira-mojata-avtomobilska-nesrekja-princezata-dijana-si-ja-predvidela-smrtta-vo-mornichavo-pismo-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Вториот сопруг ѝ загина, фати двајца сопрузи во неверство - Бурниот љубовен живот на Каролина од Мон... Првпат се омажи на 21 година со познат плејбој, а родителите се противеа на тој ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...

Најчитани неделава