Стана Инстаграм ѕвезда, доби улога во филм – што прави денес детето со џуџест раст кое беше малтретирано?

Квејден од Австралија кој сакаше да си го одземе животот на 9-годишна возраст поради малтретирање на училиште, денес е посреќен од кога било – тој е Инстаграм ѕвезда и наскоро ќе се појави во два филма.

stana-instagram-dzvezda-dobi-uloga-vo-film-shto-pravi-denes-momcheto-so-dzhudzhest-rast-koe-beshe-maltretirano-01.jpg

Во 2020 година, на социјалните мрежи се појави видео што го згрози светот. На видеото мало момче со џуџест раст плаче бидејќи го малтретирале на училиште, па дури и вели дека сака да си го одземе животот. 

Момчето на видеото е Квејден Бејлс од Австралија кој тогаш имаше само девет години.

stana-instagram-dzvezda-dobi-uloga-vo-film-shto-pravi-denes-momcheto-so-dzhudzhest-rast-koe-beshe-maltretirano-002.jpg

Трогателното видео ја натера јавноста посериозно да го сфати проблемот со врсничкото насилство кое, за жал, го трпат многу деца.

Истовремено, Квејден доби огромна поддршка од целиот свет, вклучувајќи и многу познати личности.

Оттогаш поминаа повеќе од две години, а изгледа дека денес Квејден, кој има 11 години, е многу посреќен. Всушност, тој доби и улога во новото продолжение од популарниот филмски серијал Mad Max.

stana-instagram-dzvezda-dobi-uloga-vo-film-shto-pravi-denes-momcheto-so-dzhudzhest-rast-koe-beshe-maltretirano-povekje.jpg

Што се случи со малото момче по виралното видео и што прави денес?

Кратко откако беше објавено видеото, беше започната онлајн кампања за собирање пари, за малиот Квејден да може да оди во Дизниленд.

Но, речиси истиот период неговата мајка беше обвинета за измама.

Позната колумнистка од Австралија изјави дека верува дека Квејден и мајка му лажат за да добијат пари од донации. Според неа, мајката го натерала Квејден да го каже она што го кажува во видеото за да привлече внимание.

На крај се докажа дека Квејден и неговата мајка не лажат, па тие ја тужеа колумнистката.

До крајот на 2020 година, австралиските медиуми пренесоа дека е направена спогодба со колумнистката, но не е познато што се договориле.

Во меѓувреме, Квејден и неговото семејство одбија да ги искористат парите од кампањата за патување во Дизниленд и ги донираа во шест добротворни организации, вклучувајќи една за лица со џуџест раст.

По виралното видео, името на Квејден стана едно од најпребаруваните онлајн. Сепак, на почетокот на Квејден му било тешко да се адаптира на новостекнатата популарност.

Квејден целиот живот привлекувал внимание поради изгледот и обично имал негативно искуство. Со популарноста на видеото, пак, се чувствувал како целиот свет да гледа во него и да го исмејува.

Со текот на времето, малиот Квејден се навикнал на популарноста, па дури изјави и дека сака да биде ТикТок ѕвезда.

Денес желбата на Квејден е (делумно) исполнета – тој има над 280.000 следбеници на Инстаграм, каде што редовно споделува детали од неговото секојдневие.

Сега мајката на Квејден вели дека иако популарноста има свои лоши страни, предностите се далеку поголеми.

Неодамна, пак, Квејден доби и улога во популарниот филмски серијал Mad Max.

Филмот ќе се снима под режисерската палка на Џорџ Милер кој изјави дека бил трогнат од видеото на Квејден од 2020 година. Па, решил да му даде мала улога.

Исто така, истиот режисер ќе му даде улога и во следниот негов филм, The Thousand Years of Longing, во кој Квејден ќе се појави покрај едни од најдобрите холивудски актери – Идрис Елба и Тилда Свинтон.

Повеќе фотки од Квејден на следната страница …



Би можело да ве интересира:

Надал доби второ дете во тајност – синот доби име со емотивно значење за сопругата Откако се пензионира од професионалниот тенис, семејството на Надал се прошири –...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...

Најчитани неделава