Девојка се појави на избор за Мис Англија без шминка, првпат во 94 години: „Сакам да ги рушам стандардите за убавина“

Мелиса Рауф од Англија го привлече вниманието на целиот свет откако се појави на избор за Мис Англија без шминка. Таа влезе и во финале, а вели дека и на финалната вечер ќе оди без шминка.

devojka-se-natprevaruvashe-na-izbor-za-mis-anglija-bez-shminka-prvpat-vo-94-godini-so-shminka-se-chuvstvuvam-prikrieno-01.jpg

На натпреварите за убавина, очекувано е учесничките да бидат во најдобро издание, а шминката е задолжителна.

Но, 20-годишната Мелиса до Лондон решила да го прекрши ова правило.

Мелиса Рауф се натпреваруваше на изборот за Мис Англија, и тоа без шминка.

Овој натпревар се одржува дури 94 години, а во неговата историја, Мелиса е првата натпреварувачка која се појавила без шминка.

Поради одлуката да се појави без шминка, Мелиса, која студира политички науки, не очекувала да добие добар пласман. Но, на нејзино големо изненадување, стигнала до финале.

„За мене ова значи дека многу жени на различна возраст носат шминка бидејќи чувствуваат притисок.

Кога јас почнав да носам шминка, никогаш не се чувствував удобно во мојата кожа. Никогаш не ги достигнував моите стандарди за убавина“.

Во финалето, Мелиса ќе се натпреварува против 40 други девојки и има добри шанси да биде избрана за Мис на Англија.

„Ако некој е среќен во своја кожа, не треба да го тераме да си го покрива лицето со шминка. Нашите недостатоци нè прават она коешто сме и тоа нè прави уникатни.

Мислам дека луѓето треба да ги прифатат нивните недостатоци, бидејќи сите знаеме дека вистинската убавина се крие во едноставноста“.

Мелиса вели и дека се чувствува многу посамоуверено без шминка.

„Дури неодамна сфатив дека сум убава во мојата кожа и затоа одлучив да се натпреварувам без шминка.

Се чувствувам самоуверено, со шминка се чувствувам прикриено. Не се плашам да го покажам моето лице“.

Мелиса истакнува дека нејзиниот став воопшто не значи дека ги осудува оние кои носат шминка. Таа само смета дека секоја жена треба да има избор дали ќе се шминка и не, и да не биде осудувана за тој избор.

„Сакам сите девојки да се чувствуваат добро. Сакам да ги срушам сите стандарди за убавина. Сметам дека сите девојки се убави на свој начин. Мислам дека се натпреварувам без шминка за сите девојки“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава