Момче (11) со аутизам е поинтелигентно од Ајнштајн и Стивен Хокинг - го знае периодниот систем од свои 6 години

Кевин Свини од Шкотска има само 11 години, но веќе добил покана да стане дел од Менса, благодарение на неговиот коефициент на интелигенција кој изнесува 162 – повисок од оној на Ајнштајн, Стивен Хокинг и бројни други познати научници.

momche-11-od-shkotska-so-autizam-e-pointeligentno-do-ajnshtajn-na-6-godini-go-nauchilo-celiot-perioden-sistem-na-elementi-01.jpg

Алберт Ајнштајн е еден од најпознатите научници и благодарение на неговите изуми, неговото име неретко е синоним за генијалец.

Но, Ајнштајн не е најинтелигентната личност која живеела на Земјата – во светот постојат дури и мали деца со поголем коефициент на интелигенција од неговиот.

Едно од нив е 11-годишниот Кевин Свини чиј коефициент на интелигенција изнесува 162.

За споредба, се претпоставува дека коефициентот на Ајнштајн изнесувал околу 160.

Кевин е поинтелигентен и од најпопуларниот физичар од модерно време – Стивен Хокинг – чиј коефициент на интелигенција изнесува 160.

Всушност, само 1% од населението има ист или повисок коефициент на интелигенција од Кевин.

momche-11-od-shkotska-so-autizam-e-pointeligentno-do-ajnshtajn-na-6-godini-go-nauchilo-celiot-perioden-sistem-na-elementi-02.jpg

Младото момче, кое има аутизам, живее во Единбург, а почнало да ја покажува својата интелигенција уште на многу рана возраст. Имено, тој го меморирал целиот периоден систем на елементите на само шест години.

Кевин го направил тестот во јули 2022 година, а добил и покана да стане дел од Менса – најголемото и најстарото друштво на лица со висок коефициент на интелигенција.

„Кевин трчаше низ градината кога ги доби резултатите. Овој тест му значи многу повеќе отколку што мислевме. Се надеваме дека ова ќе биде добар поттик за него.

Животот има свои предизвици за Кевин, и навистина сакаме да му помогнеме да го достигне неговиот потенцијал и да му ја дадеме секоја можност“, вели неговиот горд татко.

momche-11-od-shkotska-so-autizam-e-pointeligentno-do-ajnshtajn-na-6-godini-go-nauchilo-celiot-perioden-sistem-na-elementi-05.jpg

Родителите откриваат и дека Кевин го добил максималниот број поени на тестот за негова возраст.

„Немаше други деца на тестирањето, сите беа возрасни. Прво мислевме дека ќе биде исплашен со толку многу возрасни, но тој си разговараше со сите“, додава татко му.

momche-11-od-shkotska-so-autizam-e-pointeligentno-do-ajnshtajn-na-6-godini-go-nauchilo-celiot-perioden-sistem-na-elementi-04.jpg

Родителите на Кевин велат дека се многу горди, но и дека Кевин постојано ги изненадува со неговата интелигенција.

Оотсекогаш знаевме дека е многу паметен. Им кажувавме на луѓето дека е генијалец и навистина го мислиме тоа. Неверојатно е за што е способен.

На шест години го научи периодниот систем и многу луѓе го тестираа за да проверат. Му кажуваа број, а тој им кажуваше кој елемент е со тој број, кој е неговиот симбол и која е неговата атомска маса“.

momche-11-od-shkotska-so-autizam-e-pointeligentno-do-ajnshtajn-na-6-godini-go-nauchilo-celiot-perioden-sistem-na-elementi-03.jpg

Во слободно време, Кевин најмногу сакал да гледа квизови на знаење, како „Кој сака да биде милионер“. Татко му, пак, вели дека секогаш ги знае одговорите на прашањата од квизот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава