Невреме во Шпанија - паѓал град со големина колку тениско топче, има повредени и жртви (фото+видео)
- Детали
- среда, 31 август 2022
Невремето што зафати предели во Каталонија, Шпанија, предизвика материјална штета поради градот со големина на тениско топче. 30 лица побарале медицинска помош поради ударите од градот, а има и еден смртен случај.
Во вторникот, 30-ти август, шпанскиот град Ла Бисбаљ дељ Ампурдан кој се наоѓа во Каталонија беше погоден од силно невреме со град. Невремето зафатило и неколку околни села.
Градот бил со големина на тениски топчиња и покрај материјалната штета, предизвикал повреди кај некои луѓе, а забележан е и еден смртен случај.
Според The Telegraph, околу 30 луѓе биле повредени откако биле удрени од градот и голем дел од нив имале повреди на главата, исеченици, па дури и скршени коски.
Било повредено и 20-месечно девојче кое, за жал, им подлегнало на повредите и починало.
Според локалните власти, ова е една од најголемите бури што ја погодила областа во последните 20 години.
Експертите сметаат дека ризикот од вакви бури, па дури и циклони, се зголемува поради топлотниот бран што ја зафати Европа - и Скопје беше погодено од невреме кое можеби беше со послаб интензитет, но сепак предизвика штета.
Истовремено, поради глобалното затоплување, се очекува температурата на морињата да биде повисока оваа есен. Ова, пак, создава услови за појава на вакви бури.
„Температурите на морињата ќе бидат повисоки од нормалата, и ако се создадат неопходните атмосферски услови, ништо чудно Медитеранот да биде погоден од многу циклони оваа година“, вели Јурима Келдран, океанограф и метеоролог, за The Telegraph.
На Твитер веќе се споделуваат фотки и видеа од локалци и туристи кои ги „документирале“ страшните последици од невремето:
Повеќе фотографии и видеа на следната страница...
Би можело да ве интересира:





