„Мојата сопруга е 19 години помлада од мене - првпат ја видов кога беше бебе, а се вљубив во неа пред 4 години“

„На почетокот мислам дека никој не веруваше дека ние двајца ќе останеме заедно, па дури ниту ние самите не верувавме – но, сега сме среќни во брак и очекуваме бебе“ – вели Еви Фоету Томпкинсон која е во брак со 19 години постар сопруг. Таа раскажува како по една случајна средба ја нашла љубовта на нејзиниот живот.

mojot-soprug-e-19-godini-postar-od-mene-ne-veruvav-deka-kje-ostanam-bremena-od-prva-sega-ochekuvam-site-da-mislat-deka-toj-mu-e-dedo-na-deteto-01.jpg

Рич Фоету Томпкинсон (48) од Англија е во брак со неговата 19 години помлада сопруга Еви Фоету Томпкинсон (29) од јули годинава.

mojot-soprug-e-19-godini-postar-od-mene-beshe-vo-shok-koga-dozna-deka-prvpat-me-videl-koga-sum-bila-bebe-03.jpg

Парот ја објавува својата приказна во британските медиуми обидувајќи се да ги нормализира врските каде постои голема генерациска разлика меѓу партнерите, а раскажуваат дека се запознале уште во 2018-та година кога Рич ја сретнал Еви во пабот каде што таа работела.

mojot-soprug-e-19-godini-postar-od-mene-beshe-vo-shok-koga-dozna-deka-prvpat-me-videl-koga-sum-bila-bebe-02.jpg

Тие почнале да разговараат, а Рич сакајќи да го одржи контактот со неа, ја поканил да му помогне со некој хуманитарен настан што тој го организирал.

Парот ја користел секоја прилика да биде заедно и да разговара, а Рич вели дека тоа лето кога таа заминала сама на одмор, тој сфатил дека се вљубил во 19 години помладата девојка:

„Сфатив дека ми недостасува и бев загрижен за неа кога не беше со мене. Ѝ го кажав тоа кога се врати и таа ми рече дека го чувствува истото“ – вели Рич.

mojot-soprug-e-19-godini-postar-od-mene-beshe-vo-shok-koga-dozna-deka-prvpat-me-videl-koga-sum-bila-bebe-04.jpg

Еви била заедно со Рич додека тој се справувал со тагата заради смртта на неговиот татко кој починал од рак во 2018-та година, а во февруари 2019-та година почнале да живеат заедно.

Во септември 2019-та година во локалниот театар била изведена премиерата на документарниот филм за хуманитарниот настан на кој работеле заедно и Рич ја искористил приликата да клекне на едно колено и да ја побара за жена.

mojot-soprug-e-19-godini-postar-od-mene-beshe-vo-shok-koga-dozna-deka-prvpat-me-videl-koga-sum-bila-bebe-05.jpg

Нивните семејства ја поддржуваат нивната врска иако постои голема разлика меѓу нив и иако Рич сфатил дека со мајката на Еви, Сара Овен (53) работеле во минатото на иста улица и тој ја гледал неговата сегашна сопруга уште кога таа била бебе.

„Беше малку застрашувачки кога сфатив дека сум ја гледал Еви како бебе, но немав идеја која е тогаш. Денес само се смееме за тоа. За нас годините се само бројки, не можеш да предвидиш во кого ќе се вљубиш.

Некои мислат дека сум и татко на Еви, но најголем дел од нив гледаат дека ни е убаво заедно и нам воопшто не ни пречи разликата во годините“ – вели Рич.

mojot-soprug-e-19-godini-postar-od-mene-beshe-vo-shok-koga-dozna-deka-prvpat-me-videl-koga-sum-bila-bebe-06.jpg

Сега Еви и Рич го очекуваат своето прво дете. Еви признава дека на почетокот била загрижена за тоа дали воопшто ќе можат да станат родители заради годините на нејзиниот сопруг па останале во шок кога сфатиле дека таа останала веднаш бремена, а Рич плачел кога дознал.

„На почетокот мислам дека никој не веруваше дека ние двајца ќе останеме заедно, па дури ниту ние самите не верувавме – но, сега сме среќни во брак и очекуваме бебе“ – вели Еви.

Таа додава дека нејзиниот сопруг е во добра форма и верува дека тој ќе биде прекрасен татко, а што се однесува до коментарите на другите, тие велат дека се подготвени другите да мислат дека Рич му е дедо на детето и дека уште од сега се смеат за тоа.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава