Најтажниот роденден на 3-годишно девојче: „Од 27 поканети деца, не се појави ниту едно“ (видео)

„Нарачав пици, торта со Frozen тема, грицки, поканив 27 дечиња и никој не дојде. На мојата ќерка ѝ беше скршено срцето“, вели 27-годишната мајка од САД, која објави видео од тажната сцена.

najtazhniot-rodenden-na-3-godishno-devojche-od-27-pokaneti-deca-ne-se-pojavi-nitu-edno-foto-01.jpg

Бреана Стронг (27) од САД за третиот роденден на својата ќеркичка Ејвери организирала забава на која поканила 27 нејзини другарчиња.

najtazhniot-rodenden-na-3-godishno-devojche-od-27-pokaneti-deca-ne-se-pojavi-nitu-edno-foto-02.jpg

Нарачала пици за нив и на крај со Ејвери останале да седат во празна просторија, а пиците ги фрлиле во корпа за отпадоци.

Таа вели дека некои им откажале во последен миг, додека други не ги ни известиле дека нема да се појават.

Бреана вели дека срцето на нејзината ќерка било скршено и дека само сакала да си отидат двете дома за да ја прегрне својата ќеркичка.

Таа вели дека залудно потрошила време и пари, но најтешко ѝ паднало што нејзината малечка страдала.

Видео на кое Бреана прикажува како нејзината ќерка била извисена на роденденот:

@breannamstrong I wish I was making this up. #noshow #birthdayparty #fyp #trending #sahm #makefriends ♬ Get You The Moon - Kina

На следната страна повеќе семејни фотографии од нив...



Би можело да ве интересира:

Маж од Уганда има 12 жени и 102 деца: „Не правам веќе деца, им наредив на жените да земаат таблети з... „Штом ќе се оженев со една жена, веднаш барав друга. Како може човек да се задов...
„Имам 33 години, очајна сум за деца, но мојот сопруг не сака – што да правам?“ „Заедно сме 10 години, го сакам, но откако наполнив 30 години, само размислувам ...
„Со сопругот сме нудисти – го прославивме Божиќ голи, додека нашите гости носеа облека“ (фото) Хелен и Сајмон од Лондон се нудисти и не сакаат да носат облека дури ни кога има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg