9 причини зошто училиштата во Јапонија се најуникатни во светот
- Детали
- недела, 04 декември 2022
Ако немаат црна права коса, девојчињата мора да донесат докази дека не ја фарбале или виткале, родителите кога доаѓаат во училиштето мора да си носат влечки, а по часовите децата сами си ја чистат училницата и тоалетите – Факти што покажуваат дека образовниот систем во Јапонија е како од друга планета.
Јапонија е земја што секогаш нѐ изненадува со необичните правила и начинот на живот што во голема мера е различен од оној во западните земји, а образовниот систем во „земјата на изгрејсонцето“ е многу поразличен од образовниот систем во голем број други земји.
Во Јапонија учебната година не започнува во септември, туку во април, а завршува во март, а постојат голем број други интересни факти во јапонскиот образовен систем што може да им бидат интересни на странците.
Да погледнеме некои од нив:
Децата од 1-во до 6-то одделение се во основно образование. Секоја година децата се мешаат во различни класови и нив ги преземаат различни учители со цел децата да може да запознаат нови луѓе.
Во првите 6 години од образованието децата носат исти училишни чанти што се викаат radoseru. Во најконзервативните училишта постои правило девојчињата да носат црвени вакви чанти, а момчињата црни.
Првачињата во најголемиот број училишта на себе носат жолти капчиња за да бидат впечатливи од далеку.
Во некои училишта децата се одговорни за хигиената во училиштето. Откако ќе завршат часовите, секој клас треба сам да си ја исчисти училницата, a дежурните ученици треба да ги исчистат и тоалетите.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





