Емотивен потег: Татко со солзи во очи, откако непознат маж му ја платил сметката за појадок со децата – затоа што бил добар со нив

„Само што се расплакав во јавност, откако непознат човек ја плати сметката за не толку евтин појадок, за целото мое семејство. Во пораката напишана на сметката, тој ми се заблагодарува за тоа што сум добар татко и вели - потребни ни се повеќе мажи како тебе кои имаат толку љубов за децата“. Потребни ни се повеќе вакви убави моменти. 

emotiven-poteg-tatko-so-solzi-vo-ochi-otkako-nepoznat-mazh-mu-ja-platil-smetkata-za-pojadok-so-decata-zatoa-shto-bil-dobar-so-niv-01.jpg

Во свет во кој секојдневно се случуваат некакви трагедии и злодела, добро е да знаеме дека уште има луѓе со добрина во срцето, желни да направат нечиј ден поубав, откако нив ги усреќиле мали, но вистински вредности.

На Инстаграм вирално се шири позитивна објава од маж, потпишан како д-р Џеј Мек, кој работи во Итна помош, а на својот профил споделува корисни и интересни видеа за своите 300.000 следбеници.

Овој пат, тој објави реална ситуација која му се случила, а го довела до солзи и го допрела толку длабоко, што морал да ја сподели.

Тој бил на појадок во ресторан со своето семејство, кога одеднаш ја добил сметката, која веќе била платена и на неа била напишана порака, која гласи:

„Од татко до татко.

Ти благодарам што си татко каков што им е најпотребен на децата, независно од тоа кој гледа од страна. Потребни ни се повеќе мажи како тебе.

Ти благодарам што ни овозможи да ја видиме целата љубов што ја имаш за нив и им ја даваш.

Од пензиониран лекар во Армијата“.

emotiven-poteg-tatko-so-solzi-vo-ochi-otkako-nepoznat-mazh-mu-ja-platil-smetkata-za-pojadok-so-decata-zatoa-shto-bil-dobar-so-niv-02.jpg

Доктор Џеј не правел ништо невообичаено, но бил целосно посветен на своите деца додека си играл со нив, како што треба да биде секој татко, а на непознатиот човек тоа му ја стоплило душата, па го поттикнало да направи добро дело и да го пофали „колегата“ на уникатен начин. 

Во Инстаграм објавата, поласканиот татко откри дека оваа порака ги извадила емоциите од него, па напиша:

„Само што се расплакав во јавност, откако непознат човек ја плати сметката за не толку евтин појадок, за целото мое семејство. Ова ме допре длабоко. Рандом дела на добрина се толку моќни.

Целиот ден ми е променет, па можеби и цел месец. Изненаден сум од добрината која постои кај целосни странци и непознати луѓе. Потребни ни се вакви подароци повеќе од кога било.

Откако се сталожив и им објаснив на децата зошто ронам солзи радосници, ќерка ми ме праша – тато, кого треба да благословиме денес?

Изгледа никогаш нема да знам кој го направи ова и да му се заблагодарам во живо, но ветувам дека ќе пробам да бидам најдобар татко што можам.

Родители, не се осмелувајте да глумите, но моите очи ќе набљудуваат и се надевам ќе имам шанса и јас некому да му платам сметка со оваа причина“.

Доколку сакате и вие да ни раскажете интересна или позитивна приказна од секојдневието, или познавате и вие некоја личност што сметате дека е инспиративна, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава