9 причини зошто училиштата во Јапонија се најуникатни во светот
Децата во училиште доаѓаат со чевли или патики што ги оставаат во шкафче, а мора да ги облечат белите топлинки познати како uwabaki и ова правило важи за сите ученици без разлика на возраста или полот.

Кога ќе дојдат во училиштето и родителите на децата со себе треба да носат влечки и да ги соблечат чевлите надвор.

По 6-то одделение децата почнуваат со средно образование, кое трае 3 години. Во овој период децата во Јапонија мора да носат задолжителна униформа.
До 2022-ра година, важеа строги правила за униформата, според која учениците смееја да носат само бела долна облека под униформата, а од годинава ова правило беше исфрлено. Дополнително девојчињата не смеат да носат хулахопки ниту во зима, туку само чорапи до колена. Освен тоа, на девојчињата им е забрането да доаѓаат во учлилиште со лак на ноктите, а не смеат ниту да ги бричат нозете.

Има училишта во кои на девојчињата им е забрането косата да ја собираат во опавче. Се смета дека разголениот врат може да ги дефокусира другите ученици од наставата, а шминката е строго забранета.
Ученичките што носат шминка треба веднаш да ја избришат.

Најголем број од училиштата бараат девојчињата да имаат црна права коса. Ако имаат поразлична коса, тогаш мора да дадат сертификат потпишан од родителите и фотографии од детството со кои ќе докажат дека не се фарбаат или дека не ја виткаат косата.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Моќна лекција за жените од Мишел Обама: „Не мора да имате сè сега, животот е долг и има поглавја“ (в...
„Невозможно е да имате сè сега, престанете со тоа. Што е тоа нетрпение и чувство...
Обучена е да ги заштити децата во терористички напад, забранет ѝ е еден збор - Која е дадилката на к...
Многумина сметаат дека не постои подобра дадилка во светот од Марија Тереза и то...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув...
Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Се онесвестуваат, плачат: Тајландската лотарија за служење војска стана вирална (видео)
Во Тајланд секоја година се одржува лотарија за служење војска. Мажите на возрас...
„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“
„Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и...
„Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...