„Имам стомаче, стрии - ме критикуваат, но јас си го сакам своето тело и ќе се сликам разголена“
- Детали
- вторник, 22 ноември 2022
Нели постојано прикачува фотографии од реалниот изглед на нејзиното тело, а не од совршено исценирани кадри и пози, како поголемиот дел од инфлуенсерките. Некои ѝ аплаудираат, а други ја критикуваат...

Нели Лондон од Англија е инфлуенсерка која постојано промовира позитивност кон сите типови на тела и вели дека најважна е самодовербата.
Со нејзините следбеници таа искрено зборува за стриите на градите, опуштениот стомак, широките колкови и „ролничките“ кои ѝ се прават на половината кога ќе седне.

Нели постојано прикачува фотографии од реалниот изглед на нејзиното тело, а не од совршено исценирани кадри и пози, како поголемиот дел од инфлуенсерките.
Таа вели дека голем дел од коментарите на нејзините фотографии се охрабрувачки, но дел се и осудувачки и полни со омраза.

Таа вели дека во 100 убави пораки, ako ѝ стигне и една лоша, на неа ѝ е уништен денот.
„Поради тоа престанав да ги читам директните пораки на мојот Инстаграм профил. Тажно е и малку депресивно. Ова е чуден свет, ужасно ми е кога знам дека таму некаде постојат луѓе кои го мразат моето постоење. Но, јас ќе продолжам со мојата работа поради оние на кои им помагам и ги инспирирам да ги прифатат несовршеностите на своето тело.
Сакам да им порачам на сите дека секогаш ќе постои некој на кој нема да му се допаѓате.“

Нели открива дека од пред 10 години почнала со операции за намалување на градите, кои ѝ биле под појасот кога стоела исправено.

Таа сега позира искрено за да се избори со своите несигурности и да си го прифати телото за кое смета дека е убаво.
Истата порака ја упатува и до другите жени.



С. С. | Црнобело