5 жени херои од Иран, за чии достигнувања треба да знае светот
- Детали
- вторник, 29 ноември 2022
Жените во Иран се борат и се бореле низ годините за своите права и сакаат светот да ги знае како силни жени кои никогаш нема да се откажат од нивните соништа и слободата.
Како и во секоја земја и Иран може да се пофали со многу успешни жени од кои денес издвојуваме пет:
Захра Каном Таџ Ес-Салтанех
Таа е првата жена (принцеза) што го симнала хиџабот во Иран за време на судење. Исто така, организирала подземни состаноци за правата на жените и го предводела маршот за правата на жените против монархијата под нејзиниот татко. Захра умира во 1936 година во Техеран.
Фарах Пахлави
Фарах работела за многу добротворни организации и помогнала во основањето на првиот ирански универзитет во американски стил. Фарах сега има 84 години, но тоа не ја спречува да продолжи со добротворната работа.
Роза Монтаземи
Учителка по готвење, авторка и издавач на најпознатата книга за готвење во Иран. Нејзината книга се продавала дури и за време на Иранско-ирачката војна, и покрај недостигот на хартија и издавачките проблеми. Роза починала во 2009 година, но нејзината книга останува популарна.
Туран Мирхади
Таа била учителка и основач на училиштето Фархад - прогресивна градинка и основно училиште во Техеран, кое било извор на многу педагошки иновации. Таа се грижела за училиштето до нејзината смрт во 2016 година.
Мерјам Мирзахани
Мерјам добила Филдс медал - најпрестижната награда во математиката, со што станала првата личност од Иран со оваа награда и првата од само две жени досега во светот. Починала во 2017 година поради рак.
M. Г. | Црнобело / фото: Google Images / pinterest.com
Би можело да ве интересира:





