Девојка (22) има целосно седа коса: „Се чувствувам помоќно откако престанав да се фарбам“

„Се срамев кога на 16 години ми се појавија првите седи влакна, а затоа што родителите не ми даваа да ja фарбам косата, ги корнев од корен“ – со овие зборови ја започнува својата приказна оваа девојка која на 22 години одлучила косата да ја носи целосно седа.

devojka-22-ima-celosno-seda-kosa-se-chuvstvuvam-pomokjno-otkako-prestanav-da-se-farbam-01.jpg

Лорин Колдвел (22) од Шкотска, започнала да забележува седи влакна кога имала само 16 години, а денес не се фарба и гордо ја носи косата седа.

Како што вели, кога се појавиле првите бели влакна се чувствувала многу непријатно.

„За првпат забележав дека имам седи влакна на 16 години и се чувствував непријатно кога некој ќе ги забележеше.

Претпоставувам дека тоа е така, затоа што не гледате многу луѓе со седи влакна и само јас имав таков проблем.

На училиште една девојка што седеше зад мене ме праша зошто имам седи влакна и нели сум премногу млада за тоа, па јас ѝ одговорив дека 'очигледно не сум штом ги имам'“ – вели Лорин.

Оваа девојка посочува дека нејзините родители немале седи влакна во младоста, но баба ѝ имала, па претпоставува дека од неа го наследила генот.

На почетокот родителите не ѝ дозволувале да се фарба, а за да не добива негативни коментари од соучениците, таа ги корнела седите влакна.

„Кога наполнив 18 години ја исфарбав косата црна, затоа што мојата природна боја е темна, па седите влакна беа мошне впечатливи. Ја фарбав косата на секои три недели затоа што не сакав да имам седа коса.

Користев мошне темна боја и ставав премногу фарба. Но, заради ова косата ми стана оштетена, затоа што постојано ја фарбав целата коса, а не само коренот и трошев премногу пари за третмани“ – вели таа.

Така во 2021-ва година, на возраст од 20 години Лорин вели дека веќе ѝ било смачено да троши премногу пари за фарбање и одлучила да ја остави косата природна.

Прво пробала да користи препарати за вадење на бојата, но не го добила ефектот што го посакувала, па решила да ја остави косата да ѝ израсне природно.

Лорин вели дека во минатото се срамела од својата седа коса, но сега редовно добива комплименти затоа што ја носи природната боја.

„На почетокот луѓето се воздржуваа од коментари, само ме гледаа. Но, неодамна добив голем број позитивни коментари. Сакам да ги инспирирам помладите девојки да ја прифатат својата седа коса.

Се чувствувам моќно, затоа што знам како се чувствував кога не можев да ја фарбам косата во минатото.

Тогаш не бев самоуверена, но сега сакам колку е можно повеќе млади девојки да ја покажат својата природна седа коса иако направиле да се чувствуваме како да не е природно“ – вели Лорин.

Таа на својот Инстаграм профил редовно објавува фотографии.

Погледнете неколку од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава