Инфлуенсерка е мета на критики: „Отиде во луксузен хотел бидејќи си снемала греење дома? Ние немаме пари ни да го пуштиме“
- Детали
- петок, 25 ноември 2022
„Јас, пак, седам дома со исклучено греење бидејќи не можам да го платам“, гласи еден од коментарите за инфлуенсерката која се пофали дека ќе плаќа 1.000 долари од вечер во хотел бидејќи дома ѝ се расипал системот за греење. Што мислите – дали инфлуенсерката навистина претерала со ваква содржина во кризни времиња?
Не сме само ние тие кои се соочуваме со енергетска криза и зголемени трошоци за живот.
Слична е ситуацијата во многу други земји, вклучувајќи ја и Англија, каде што периодов многу луѓе не можат да си дозволат ни да вклучат греење во домот.
Токму поради ова, инфлуенсерката Лидија Милен беше остро критикувана од Британците, кога откри дека заминала во луксузен хотел бидејќи во домот ѝ се расипало греењето.
34-годишната Лидија, која има над 739.000 следбеници на ТикТок и над милион на Инстаграм, сподели видео во кое се пофали за престојот во луксузниот хотел каде што една ноќ чини и повеќе од 1.000 долари.
„Ми се расипа греењето во домот, па одам кон Лондон. Ќе отседнувам во хотелот Savoy и ќе уживам во нивната топла вода. Па, ајде да се подготвиме за денот!“, вели Лидија.
Во видеото, инфлуенсерката ја покажува и облеката што ќе ја носи – фустан од 400 долари, чизми од 1.300 долари, капут од речиси 400 долари, како и Birkin чанта чија цена достигнува над 10.000 долари.
„Тоа е мојот аутфит за денес. Одам да се стоплам. Кажете ми што мислите во коментари!“
@lydiamillen It’s always as the temperature drops #winter #winterfashion #ootd #getdressed #getreadywithme #festivefashion #outfit ♬ original sound - Lydia Millen
Додека не е ништо ново и необично инфлуенсерките да ја покажуваат нивната (скапа) облека, многумина сметаат дека сега воопшто не е момент за Лидија да се фали со тоа.
Всушност, на повеќето им пречи тоа што инфлуенсерката се фали за скапиот хотел додека повеќето Британци не можат ни да си платат за греењето во домот.
Дел од коментарите на видеото на Лидија:
„А, еве сум јас со исклучено греење бидејќи не можам да платам“.
„Сигурно ти е убаво. Ние обичните луѓе се грееме со шишиња со топла вода и дебела облека“.
„Оди во луксузен хотел бидејќи ѝ се расипало греењето, додека пола земја не може ни да си дозволи да го вклучи“.
„Кога мене ми се расипа греењето, отидов кај мајка ми“.
„Зарем немаше кој да ти го поправи? Те сакам Лидија, но требаше да ја покажеш само облеката. Многу луѓе страдаат моментално“.
Некои се дури и саркастични:
„Се молам за тебе. Се надевам дека ќе закрепнеш од оваа траума. Осигури се дека ќе се бањаш со филтрирана вода во Savoy“.
„Јас би отишол на Малдивите“.
„И јас секогаш одам во Sаvoy кога ми студи, совршено решение“.
Лидија одговорила на некои коментари, истакнувајќи дека постојат секакви животи.
„Ми се крши срцето и навистина е тажно, но се надевам дека знаете дека реалноста на другите луѓе може да биде поразлична, и тоа не е погрешно“.
Што мислите – дали гневните корисници се во право за објавување ваква содржина во кризни времиња, или сметате дека инфлуенсерката не погрешила?
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





