„Јас сум најсекси научник на свет - фаќам крокодили со голи раце, но и сакам да изгледам добро“
- Детали
- четврток, 08 декември 2022
Нејзината работа вклучува лов на питони, нуркање со ајкули и означување на различни видови алигатори, но по мигови во дивината и во калта, таа оди на раскошни настани каде блеска или пак позира во бикини. Рози Мур (26) од Флорида вели дека ужива во ова, но и дека е мета на критики...
Рози Мур (26) од Флорида смета дека тоа што е научник и истражува и допира крокодили и змии без проблем, не значи дека не смее да биде жена која е секси и внимава на изгледот.
Таа во слободно време обожава да позира во долна облека и во сексапилни изданија.
Нејзината работа вклучува лов на питони, нуркање со ајкули и означување на различни видови алигатори, открива таа.
„Малку жени имаат храброст да нуркаат со ајкули, а јас професионално го правам тоа, па зошто да не направам некоја фотосесија за заработувачка плус. Луѓе се изненадени од мене затоа што во еден миг сум истражувач во дивината во кал до колена, во нареден присуствувам во раскошно издание на некој луксузен настан. Но тоа сум јас – сестрана.
Сепак, ќе се фокусирам на кариерата на научник затоа што ми е поголем предизвик, но и сметам дека е поценета.
Но, не ми се допаѓа што луѓето знаат некогаш да коментираат за мене дека треба да правам вака или така или дека нешто не ми прилега, зарем не смее секој да прави што сака со својот живот?“
Рози вели дека себеси се смета за најсекси научник на свет.
Повеќе Инстаграм фотографии од неа на следната страна...
Би можело да ве интересира:





