Властите во Индонезија забранија вонбрачен секс, дури и за туристи – кои други чудни забрани важат во земјата?

Властите во Индонезија го забранија вонбрачниот секс, а оние кои ќе го прекршат новиот закон, вклучувајќи ги и туристите, можат да се соочат со казна затвор до една година. Кои други необични забрани постојат во оваа земја?

vlastite-vo-indonezija-zabranija-vonbrachen-seks-duri-i-za-turisti-koi-drugi-chudni-zabrani-vazhat-vo-zemjata-01.jpg

Властите во Индонезија донесоа нов закон според кој сексот надвор од брак се смета за кривично дело.

Одлуката за донесувањето на законот била едногласна, а активистите веќе истакнуваат дека ова е прекршување на човековите права.

CNN споделува дека новиот кривичен закон е долг 200 страни и бил во изработка неколку години. Властите сакале законот да стапи на сила уште во 2019 година, но тогаш се соочиле со протести, генерално од студенти.

vlastite-vo-indonezija-zabranija-vonbrachen-seks-duri-i-za-turisti-koi-drugi-chudni-zabrani-vazhat-vo-zemjata-03.jpg

Казната за прекршување на овој бизарен закон е и до една година затвор.

Уште почудно е што забраната важи и за туристи, а добро познат факт е дека за Индонезија, особено дестинациите како Џакарта и Бали, туризмот е мошне важна дејност.

Ова значи дека туристите кои не се во брак, а имаат секс и бидат фатени, можно е да се соочат и со затворска казна.

vlastite-vo-indonezija-zabranija-vonbrachen-seks-duri-i-za-turisti-koi-drugi-chudni-zabrani-vazhat-vo-zemjata-02.jpg

Според властите, целта на овој закон е да е „заштити институцијата брак и да се заштитат вредностите што ги негува Индонезија“.

Но, ова не е единствениот чуден закон во Индонезија кој забранува навидум секојдневни, па и неопходни работи.

Кои други бизарни забрани важат во оваа земја?

Одредени лекови кои се издаваат со рецепт

Законите против дрога се многу строги во Индонезија, а овие забрани се однесуваат и на некои лекови кои се издаваат со рецепт.

Апчињата за спиење што ги користат многу луѓе кои патуваат често, но и лековите за нарушувања како АДХД се забранети. Истото важи и за посилни лекови за болка.

Поради строгите закони, туристите неретко се советувани да носат ја носат оригиналната амбалажа на лекот, како и лекарска потврда за неговото издавање за да избегнат сериозни проблеми.

vlastite-vo-indonezija-zabranija-vonbrachen-seks-duri-i-za-turisti-koi-drugi-chudni-zabrani-vazhat-vo-zemjata-05.jpg

Неносење пасош

Според законот, сите луѓе во Индонезија со себе постојано мораат да носат документ за идентификација.

За туристите ова значи дека секогаш мораат да го носат својот пасош со себе.

vlastite-vo-indonezija-zabranija-vonbrachen-seks-duri-i-za-turisti-koi-drugi-chudni-zabrani-vazhat-vo-zemjata-04.jpg

Коцкање

Секој вид коцкање е строго забранет во Индонезија.

Според австрискиот медиум News, туристите можат да најдат илегални места за коцкање, но повеќето секогаш се соочуваат со казна или измами од страна на организаторите на овие игри.

vlastite-vo-indonezija-zabranija-vonbrachen-seks-duri-i-za-turisti-koi-drugi-chudni-zabrani-vazhat-vo-zemjata-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкуло... „Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан ...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...

Најчитани неделава