5 од најпознатите Drag Queens во историјата и денес

Drag Queens не е нов феномен. Има многу мажи кои се облекуваат како жени уште од крајот на 16-тиот век, за време на Шекспирово време. Тогаш мажите уживале во облека наменета за жени за да играат женски улоги во драмите. Случајно, оттука многу веруваат дека доаѓа името Drag што значи влечење бидејќи фустаните што ги носеле мажите се влечеле по подот.

5-od-najpoznatite-drag-queens-vo-istorijata-1.png

Бидејќи во античките времиња на жените не им било дозволено да играат во театрите, мажите морале да ги преземат женските улоги. Ова било вообичаено во античка Грција, а исто така и во ерата на Шекспир.

Светот на т. н. Drag Queens не е за луѓето кои се држат подалеку од центарот на вниманието.

Овие изведувачи го заобиколија светот, преобликувајќи го политичкиот и културниот пејзаж во нешто блескаво и чудесно, иако многумина уште гледаат со доза на осуда кон нив.

Погледнете во продолжение кои се едни од најпознатите Drag Queens во историјата:

Даглас Бинг

Пред да биде измислен терминот Drag Queen, британскиот актер Даглас Бинг го усоврши занаетот за имитирање на жените уште во ерата на Првата светска војна.

Прво облекол женска облека за да изведува комични монолози како кралици и други историски личности, но на крајот започнал да се фокусира на кабаре стил.

5-od-najpoznatite-drag-queens-vo-istorijata-2.png

Силвија Ривера

Сираче кое почнало да талка низ улиците во Њујорк на 11-годишна возраст, Силвија Ривера нашла дом меѓу заедницата на Drag Queens во градот, а потоа се нашла во центарот на активизмот откако одиграла клучна улога во протести во Стоунвол.

Заедно со блиската пријателка Марша П. Џонсон, таа станала активист на Геј ослободителниот фронт. Самата се нарекувала револуционерка, а подоцна основала трансвеститска организација на револуционери со Џонсон и се залагале за правата на транс луѓето.

5-od-najpoznatite-drag-queens-vo-istorijata-3(1).png

Ли Брустер

Исфрлен од позицијата службеник во ФБИ поради тоа што е хомосексуалец, Ли Брустер се преселил во Њујорк и станал главен дел од сцената на Гринич Вилиџ, отворајќи ја првата продавница, која главно се грижи за облеката на Drag Queens.

Тој, исто така, ја основал Ослободителната армија на Квинс во 1970-тите и почнал да го издава списанието Drag во 1970-тите.

РуПол

РуПол Чарлс најпрво добил слава танцувајќи на драг сцена во Атланта. Тој постигнал голем успех во 1993 година со објавувањето на албумотSupermodel of the World. Брзо напреднал низ повеќе албуми и реални шоуа до 2009 годинa.

5-od-najpoznatite-drag-queens-vo-istorijata-4.png

Хосе Сарија

Ветеранот од Втората светска војна, Хосе Сариа влезе во овој свет во кафулето Black Cat. Тој, исто така, ја прифатил улогата на водач во ЛГБТ движење како основач на Меѓународниот судски систем - една од најстарите континуирани активистички групи кои се борат за правата на хомосексуалците. Сариа во 1961 година станал првиот геј кандидат за политичка функција. 

5-od-najpoznatite-drag-queens-vo-istorijata-5.png

M. Г. | Црнобело / фото: pinterest.com

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...

Најчитани неделава