Првата преживеана деветорка во светот, се врати дома во Мали, по повеќе од една година медицинска нега

„Има доста работа со 9 деца, но Бог ќе ни помогне во одгледувањето“ – вели таткото на единствената деветорка која е родена и преживеана според Гинис, откако конечно се вратија со семејството дома во Мали, по една година медицинска нега во Мароко, каде мајката се породи заради недоволно услови во родната земја.

prvata-prezhiveana-devetorka-vo-svetot-se-vrati-doma-vo-mali-po-povekje-od-edna-godina-medicinska-nega-01.jpg

Во мај 2021 осамна информација во светските медиуми дека жена од Мали се породила во Мароко со 9 здрави бебиња, а воедно тоа е единствената деветорка родена во светот, каде сите 9 дечиња преживеале, потврдена од Гинис.

Тогаш 25-годишната Халима Цисе очекувала да роди 7 деца, според резултатите од ултразвукот, но на денот на породувањето родила 9 здрави деца, 5 момчиња и 4 девојчиња.

prvata-prezhiveana-devetorka-vo-svetot-se-vrati-doma-vo-mali-po-povekje-od-edna-godina-medicinska-nega-02 (1).jpg-03.jpg

Таа се породила во Мароко, бидејќи властите во Мали биле загрижени дека нивните болници немаат услови за соодветната нега која ќе ѝ биде потребна.

prvata-prezhiveana-devetorka-vo-svetot-se-vrati-doma-vo-mali-po-povekje-od-edna-godina-medicinska-nega-02 (1).jpg05.jpg

Од мај 2021, Халима и сопругот добивале медицинска нега во Мароко досега – по неколку месеци поминати во болница, изнајмиле стан каде продолжиле да добиваат нега, а децата таму го прославија и првиот роденден.

prvata-prezhiveana-devetorka-vo-svetot-se-vrati-doma-vo-mali-po-povekje-od-edna-godina-medicinska-nega-02 (1).jpg-04.jpg

По повеќе од една година, во вторникот (13.12) светските медиуми известија дека децата заедно со родителите пристигнале во својот дом во Мали.

„Има доста работа, но Бог кој ни го даде овој благослов, ќе ни помогне во одгледувањето и грижата за нив“ – изјавил таткото на децата кратко по пристигнувањето.

Инаку, во мај 2022, кога децата го прославија својот прв роденден, од Гинис соопштија дека тие ја добиле титулата на најмногубројни родени деца во едно породување, кои преживеале, бидејќи раѓањето на деветорки е многу ретко, а во такви случаи честопати некое од дечињата не преживува повеќе од неколку часа, како што изјавиле од организацијата. 

prvata-prezhiveana-devetorka-vo-svetot-se-vrati-doma-vo-mali-po-povekje-od-edna-godina-medicinska-nega-02 (1).jpg

„Сега сите лазат. Некои седат, некои дури и одат или држат нешто. Не е лесно, но прекрасно е“ – изјавил таткото во тој период за телевизиите.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Трошам 200.000$ дневно на себе“ - Домаќинка од Дубаи се фали со парите од сопругот Линда Андраде (27) е богата домаќинка од Дубаи. Нејзината приказна е како сценар...
Финска е најсреќна земја во светот 9-та година по ред, ние сме на 82-ро место – каде е најубаво за ж... Деветта година по ред Финска е на првото место на извештајот на најсреќни земји ...
Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...

Најчитани неделава