Девојка од САД се избањала само 37 пати во 2022-ра: „Не мирисам лошо, телото ми се навикна“

Аела од САД вели дека минатата година се избањала само 37 пати и тврди дека не мириса непријатно бидејќи нејзиното тело се навикнало. Сепак, јавноста ја критикува, а некои дури и велат дека веројатно има проблеми со сетилото за мирис.

devojka-od-sad-tvrdi-deka-se-izbanjala-samo-37-pati-vo-2022-ra-ne-mirisam-losho-teloto-mi-se-navikna-01.jpg

27-годишна девојка од Ајдахо, САД го подели мислењето на јавноста откако на Твитер се пофали дека во 2022 година се избањала само 37 пати.

Аела, која се прослави на Only Fans, а сега работи како аналитичар, има над 130.000 следбеници на Твитер и тврди дека и покрај тоа што не се бања редовно, не мириса непријатно.

Таа вели дека по некое време телото се навикнува и настанува „баланс на микробиомите“, па непријатниот мирис исчезнува.

devojka-od-sad-tvrdi-deka-se-izbanjala-samo-37-pati-vo-2022-ra-ne-mirisam-losho-teloto-mi-se-navikna-02.jpg

Микробиомите се бактерии кои се наоѓаат во нашето тело и кои помагаат во дигестијата, ги уништуваат штетните бактерии и помагаат во регулирањето на имунитетот.

Сепак, нејзиното тврдење за нередовното бањање и микробиомите не е поткрепено од науката, а во коментарите на нејзината објава многумина се шегуваат дека можеби Аела има проблеми со сетилото за мирис.

devojka-od-sad-tvrdi-deka-se-izbanjala-samo-37-pati-vo-2022-ra-ne-mirisam-losho-teloto-mi-se-navikna-04.jpg

Но, таа стои на тврдењето дека е сосема во ред да не се бањаме редовно.

„Ако некоја личност која ја мие косата секој ден одеднаш престане да ја мие, косата ќе ѝ биде ужасна и мрсна. Но, ако сте упорни и внимателни, вашето тело ќе се адаптира.

Но, ова не е совршено и луѓето имаат различни видови тело, различно ниво на активност и различен интензитет на потење. Јас сепак правам нешто за да го спречам непријатниот мирис помеѓу две туширања!

Внимавам да не користам сапун на пазувите бидејќи ова го влошува мирисот. Обично го тријам овој дел од телото со влажна крпа, а потоа ставам дезодоранс и ова функционира одлично.

Користам и биде и редовно ги мијам гениталиите“.

devojka-od-sad-tvrdi-deka-se-izbanjala-samo-37-pati-vo-2022-ra-ne-mirisam-losho-teloto-mi-se-navikna-03.jpg

Аела вели и дека не користи никави лосиони и кремови бидејќи живеела на место со влажен воздух кој ѝ ја хидрира кожата.

Изненадувачки, некои ја поддржуваат Аела:

„Јас не се бањам често и се согласувам со тебе“.

„Јас се избањав можеби 10 пати во 2022 година и не мирисам лошо. Очигледно, секој ден носам чиста облека и често ги мијам рацете и лицето, но секојдневното туширање е непотребно и прави да мирисате полошо“.

devojka-od-sad-tvrdi-deka-se-izbanjala-samo-37-pati-vo-2022-ra-ne-mirisam-losho-teloto-mi-se-navikna-05.jpg

Сепак, повеќето ја критикуваат, истакнувајќи дека може да си создаде и проблеми со здравјето:

„Дали можеби имаш проблеми со сетилото на мирис?“

„Нашиот нервен систем еволуира за да стане помалку чувствителен на стимули. Па, девојко, мирисаш непријатно, само ти не го чувствуваш тоа“.

„Ова е лудо. Јас се туширам двапати дневно, некогаш и три кога е лето. Сигурно мирисаш непријатно“.

devojka-od-sad-tvrdi-deka-se-izbanjala-samo-37-pati-vo-2022-ra-ne-mirisam-losho-teloto-mi-se-navikna-06.jpg

Според експертите, пречестото туширање може да предизвика проблеми, како сува и иритирана кожа, но проблеми можат да настанат и од недоволно туширање.

Според WebMD, таложењето на мастите и бактериите на кожата може да предизвика акни и други проблеми со кожата, па дури и егзема.

Покрај тоа, овде е и непријатниот мирис кој сигурно нема да исчезне сам по себе.

За повеќето луѓе, сосема доволно е да се тушираат 3-4 пати неделно. Ако времето е многу топло, и секојдневното туширање е препорачливо.

Истовремено, туширањето е задолжително и по напорна физичка активност.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава