Мајка го носи бебето на пазар во ќеса – приказната зад хит фотката од 80-ите за маките на модерните жени

Бебето било ставено во ќеса на шега, а целта им била да покажат како изгледа секојдневието на модерните жени – oткриена приказната зад хит фотографијата од 1987-ма година.

zoshto-ovaa-majka-go-nosela-bebeto-vo-kjesa-fotografot-ja-otkri-prikaznata-i-ja-rekreira-fotkata-celi-33-godini-podocna-01.jpg

Во последните неколку години мајките постојано се информираат за растењето на децата по социјалните мрежи и на интернет форуми, а во советите не се изоставени понудите за средства за транспорт и правилен развој.

Од ергономски кенгури, марами, до најразлични седишта со повеќе положби за седење, држење, носење, постојано сме преплавени со информации, па се чини дека постојано на нешто мора да пазиме.

Така воопшто не е чудно што оваа фотографија исплива на социјалните мрежи по 33 години и веднаш стана вистински хит кај родителите кои се прашуваат „дали е возможно некој вака да ги носел своите деца?“.

Оваа стара фотографија е од унгарски пазар, а на неа се гледа мајката што го носи своето дете во пластична ќеса за пазарење.

Откако фотката стана вистински хит на социјалните мрежи, унгарските медиуми се обидоа да откријат кој стои зад неа, како и кои се ликовите на фотографијата.

Фотографијата е дело на унгарскиот фотограф Атила Манек, кој во 1987-ма година ги сликал неговата сопруга и ќерка во Будимпешта, а целта му била со ова уметничко дело да ја покаже положбата на жената во унгарското општество во тоа време.

Атила сакал да ја покаже тежината на „втората смена“ што ја работат жените, затоа што тие ги земаат децата дома по работа и најчесто треба да одат и да пазарат, па на шега, ќерка им Енико ја ставиле во ќесата за пазарење.

zoshto-ovaa-majka-go-nosela-bebeto-vo-kjesa-fotografot-ja-otkri-prikaznata-i-ja-rekreira-fotkata-celi-33-godini-podocna-04.jpg

Со оваа фотографија Манек победил на натпревар за најдобра фотографија, а вели дека ниту сам не знае како таа се нашла на интернет цели 33-години подоцна.

Но по огромниот интерес што фотографијата го предизвика на социјалните мрежи, Атила одлучи да објави нови фотографии и да покаже како изгледаат неговата сопруга и ќерка денес.

zoshto-ovaa-majka-go-nosela-bebeto-vo-kjesa-fotografot-ja-otkri-prikaznata-i-ja-rekreira-fotkata-celi-33-godini-podocna-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава