Војни, пожари, протести - најмоќните фотографии од 2022 година
- Детали
- сабота, 14 јануари 2023
За жал, во 2022 година се случија многу лоши работи - од војната во Украина и протестите во Иран, сè до бројните пожари кои се последица од климатските промени. Овие моќни фотографии одлично ги доловуваат ваквите трауматични моменти, но дел од нив опфаќаат и среќни ситуации кои ни даваат надеж за подобро утре.

2022 година секој ќе ја памети по многу работи од личниот живот, но и случки од светот како војната во Украина, маките на мигрантите и климатската криза.
Неколку моќни фотографии од 2022-ра кои ги прикажуваат фрагментите што го сочинуваат нашиот живот и она што се случува околу нас:
8-годишната ученичка по име Махтаб стои во својата училница во училиште во Кабул, Авганистан, на 23 април 2022 година, неколку дена по бомбашки напад во училиштето.

Шумски пожар во близина на Хемет, Калифорнија на 6 септември 2022 година.

Деца си играат во населба во Каракас, Венецуела на 2 јануари 2022 година.

Човек извлекува предмети од запалена продавница по руски напад во Харков, Украина на 25 март 2022 година.

Талибански борец чува стража на место на експлозијата пред училиште во Кабул, Авганистан на 19 април 2022 година. Ова беше една од неколкуте смртоносни експлозии кои беа насочени кон образовните институции во главниот град на Авганистан.

Матеј Сванчер од Австрија тренира пред квалификацискиот круг во скијање во слободен стил за мажи на Зимските олимписки игри во Пекинг, на 7 февруари 2022-ра.

Пожарникари чекаат вода додека беснее пожар во сиромашна населба во Икике, Чиле на 10 јануари 2022 година.

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она...
Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ...
„Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце)
Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“
„Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув...
Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
„Трошам 200.000$ дневно на себе“ - Домаќинка од Дубаи се фали со парите од сопругот
Линда Андраде (27) е богата домаќинка од Дубаи. Нејзината приказна е како сценар...