Девојка има по 3 прста на дланките: „Ме нарекуваа диносаурус и нинџа-желка, но сега сум горда на својата уникатност“
- Детали
- четврток, 12 јануари 2023
Кесиди од САД била родена со три прста на едната дланка, а со деформирани прсти на другата. Откако ѝ ги отстраниле деформираните прсти, таа останала со по три прста на двете дланки, а поради ова се соочувала со многу навреди во детството. Но, сега Кесиди е горда на својата уникатност и сака да им помогне на другите луѓе, кои се поразлични, да си ја вратат самодовербата.
Кесиди Ларами од Масачусетс, САД е родена со три прста на десната дланка. На левата, пак, имала деформирани прсти кои ѝ биле отстранети кога била бебе.
Па, сега 26-годишната девојка има по три прста на дланките, а вели дека во училишните денови била малтретирана поради ова.
Таа вели дека соучениците дури ја нарекувале и тираносаурус поради нејзините дланки.
Денес Кесиди е горда на својата уникатност, а ги користи социјалните мрежи за да им помогне на другите луѓе во слична положба да се прифатат себеси, без разлика што се малку поразлични од останатите.
Кесиди работи како асистент за продажба, но и како диџеј, а нејзиното уметничко име е DJ Dino – во англискиот јазик, dino се користи како скратена форма од зборот за диносаурус.
Истовремено, Кесиди прави и фигури обликувани како нејзините дланки и ги продава на родители чии дечиња имаат дланки слични како нејзините, со надеж дека ќе им ја зголеми самодовербата.
„Навистина не знам кои прсти ги имам, но знам дека имам палец на двете дланки. Во детството ми викаа дека сум имала дланки како на тираносаурус.
Во трето одделение малтретирањето беше толку лошо, што со моите родители се преселивме за да можам да се запишам во друго училиште. Во новото училиште сите беа многу подобри кон мене“.
Кесиди била нарекувана и Е.Т., па и „нинџа-желка“, но наместо да очајува за тоа, решила и самата да се шегува за овие прекари.
„Секогаш им велам на луѓето дека ќе им дадам 20 долари ако ми кажат шега за моите дланки што не сум ја слушнала досега“.
Кесиди признава дека со години избегнувала да оди во салони за убавина бидејќи се срамела од нејзините дланки. Сега, пак, вели дека без проблем бара и попуст.
„Кога првпат отидов во салон побарав 40% попуст бидејќи навистина трошат помалку материјали за мене. Не велам дека ми следува попуст, но вреди да пробам.
Кога ми даваат попуст, останатите пари ги давам како бакшиш на девојките што ми ги прават ноктите“.
Кесиди вели дека тоа што има помалку прсти си носи свои предизвици:
„Тешко ми е отворам што било – тегла со кисели краставички, чипс, врати… Зглобовите не ми се добро развиени и не ми се многу подвижни. Некогаш дланките ме болат, а имам и почетна фаза на артритис“.
Кесиди се шегува и дека кога ќе стапи во брак, нема да биде сигурна на кој прст да го стави прстенот.
Таа вели дека сепак има некои предности што има само три прста, како и дека е горда на своите дланки.
„Дефинитивно има предности. Ако ми падне нешто во каучот – како ситни пари – лесно можам да го земам. Моите дланки се како механички канџи.
Не би променила апсолутно ништо кај мене. Дури и тешките периоди ми биле од помош – ми помогнаа да станам личноста којашто сум денес, силна и самоуверена.
Има многу луѓе кои имаат проблеми со самодовербата и мислам дека кога ќе видат некој сличен кој е отворен за тоа, ќе им биде од помош“.
Повеќе фотки од Кесиди на следната страница...
Би можело да ве интересира:





