Апел на фризерка до клиентките: „Правите некои ужасни работи кај мене во салон - кои се тие?“

„На место број 1 е нечистата коса. Кога клиентка ќе ми дојде со навистина нечиста коса ми доаѓа да ѝ кажам „не“. Навистина не сакаме да ја допираме вашата со денови неизмиена коса, која непријатно мириса“, се жали фризерката Емили Пајтел од Австралија.

apel-na-frizerka-do-klientkite-pravite-nekoi-uzhasni-raboti-kaj-mene-vo-salon-koi-se-tie-01.jpg

Емили Пајтел e фризерка и козметичарка од Австралија, која искрено на социјалните мрежи ги споделува маките од својата професија.

apel-na-frizerka-do-klientkite-pravite-nekoi-uzhasni-raboti-kaj-mene-vo-salon-koi-se-tie-01.jpg

Таа во видеа на ТикТок ги кажува своите поплаки од клиентите:

На место број 1 е нечистата коса. Кога клиентка ќе ми дојде со навистина нечиста коса ми доаѓа да ѝ кажам „не“. Навистина не сакаме да ја допираме вашата со денови неизмиена коса, која непријатно мириса.

Втората работа што ми е навистина непријатна е кога клиентките ме зјапаат во очи додека јас им ставам шампон и им ја тријам косата. Непријатно ми е, затворете ги очите и уживајте.

apel-na-frizerka-do-klientkite-pravite-nekoi-uzhasni-raboti-kaj-mene-vo-salon-koi-se-tie-05.jpg

Третата работа која ме вади од такт е кога клиентка ќе ми задоцни, но се појавува на врата со кафе за носење во рацете – успеа да купиш кафе, а не успеа да стигнеш на време? Исто така мразам кога ќе задоцнат, а нема ниту да ми се извинат и да ми објаснат што се случило.

Четвртата работа која ме нервира е кога клиентката си ја врти главата за да се види во огледало додека потстрижувам. Не го правете тоа, деконцентрира, ќе се видите на крај.

apel-na-frizerka-do-klientkite-pravite-nekoi-uzhasni-raboti-kaj-mene-vo-salon-koi-se-tie-06.jpg

Исто така ме нервира кога ја мрдаат столицата, па ме прашуваат дали потстрижувањето на деца се наплаќа помалку, па велат дека им е потребна промена, а кога ќе им дадам смели идеи се плашат, кога од црнокоси сакаат да се претворат во русокоси за еден час, кога не знаат да објаснат што точно сакаат, туку треба да им читам мисли, кога ми поставуваат премногу лични прашања додека работам итн.

Најтешко ми е што додека се случува сето ова јас морам да останам ведра, пријателски настроена и да не се жалам.

apel-na-frizerka-do-klientkite-pravite-nekoi-uzhasni-raboti-kaj-mene-vo-salon-koi-se-tie-03.jpg

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкуло... „Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан ...

Најчитани неделава