Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


4-годишно дете од Англија е меѓу најмладите членови на Менса – со поголема интелигенција од 99.5% од луѓето во светот

Теди Хобс од Англија има само четири години, а веќе е еден од најмладите членови на Менса. Тој почнал да чита на 2-годишна возраст, а знае да брои до 100 на шест странски јазици.

dete-4-od-anglija-e-eden-od-najmladite-chlenovi-na-mensa-ima-povisok-koeficient-na-inteligencija-od-99-5-od-lugjeto-chita-od-2-godini-01.jpg

4-годишно момче од Англија стана еден од најмладите членови на Менса – најголемата и најстарата организација за луѓе со натпросечен коефициент на интелигенција.

dete-4-od-anglija-e-eden-od-najmladite-chlenovi-na-mensa-ima-povisok-koeficient-na-inteligencija-od-99-5-od-lugjeto-chita-od-2-godini-06.jpg

Според неговата мајка, малиот Теди Хобс почнал да ја покажува високата интелигенција за време на пандемијата.

„Отсекогаш го интересирале книги, па секогаш му купувавме. Но, за време на локдаунот, почна да покажува уште поголем интерес, па додека да наполни 26 месеци веќе знаеше да чита.

Потоа почна да учи броеви. За Божиќ му купивме таблет за да игра игри, но наместо тоа, тој научи да брои до 100 на мандарински“, споделува мајка му.

dete-4-od-anglija-e-eden-od-najmladite-chlenovi-na-mensa-ima-povisok-koeficient-na-inteligencija-od-99-5-od-lugjeto-chita-od-2-godini-05.jpg

Таа вели и дека Теди знае да брои до 100 на вкупно шест странски јазици, вклучувајќи велшки, француски и германски.

Родителите на Теди најпрво биле збунети од брзиот напредок на нивното дете, па решиле да се консултираат со експерти.

„Бидејќи наскоро ќе почне да оди на училиште, сакавме да ги знаеме неговите способности“, открива мајка му Бет.

dete-4-od-anglija-e-eden-od-najmladite-chlenovi-na-mensa-ima-povisok-koeficient-na-inteligencija-od-99-5-od-lugjeto-chita-od-2-godini-04.jpg

Барајќи соодветна поддршка за нивниот син, Бет и сопругот решиле да се консултираат и со Менса.

Експертите од Менса утврдиле дека неговиот коефициент на интелигенција е во 99-иот перцентил. Односно, тој има повисок коефициент од 99,5% од луѓето во светот.

За споредба, за да станете дел од Менса, треба да бидете 98-иот перцентил.

„Кога ни кажаа дека спаѓа во 0,5% од населението според интелигенцијата, бевме изненадени“.

dete-4-od-anglija-e-eden-od-najmladite-chlenovi-na-mensa-ima-povisok-koeficient-na-inteligencija-od-99-5-od-lugjeto-chita-od-2-godini-02.jpg

Дополнителни тестирања покажале дека на 4-годишна возраст, Теди распознава букви и зборови како 8-годишно дете.

Па, сега Теди е најмладиот член на Менса од Англија.

„Навистина нè изненади. Никогаш не сме го терале да прави нешто, само ги следиме неговите интереси, како книги“.

dete-4-od-anglija-e-eden-od-najmladite-chlenovi-na-mensa-ima-povisok-koeficient-na-inteligencija-od-99-5-od-lugjeto-chita-od-2-godini-03.jpg

Иако родителите се свесни дека Теди го очекуваат многу успеси, засега тие сакаат да има нормално детство.

„Минува низ различни фази – сега ги учи знамињата на земјите ширум светот. Но, неодамна почна да покажува интерес за пластелин, а тоа е одлично.

Сè што сакаме е Теди да биде добра личност и да има среќен живот“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

30-годишна жена од САД која очекува дете со 60-годишниот сопруг, стана мета на осуда и онлајн критик... „Жално е што бебето нема да може да го гледа татко му долго жив“, „Тоа дете нема...
23-годишна девојка живее „заробена“ во тело на дете - изгледа како да има 8 години Шауна Реј од САД имала рак на мозок како бебенце и поради хемотерапијата била по...
„Ќерка ми (1) има Синдром на коса која не може да се чешла – се гордеам затоа што е посебна“ „Кога имаше една година, косата на Лејла беше густа, а потоа почна да расте само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg