Девојка дознала дека е бремена дури кога почнала да се породува: „Немав стомаче и добив негативен тест“
- Детали
- четврток, 26 јануари 2023
Бри (18) од САД ја родила ќерката Оакли во септември, но вели дека не знаела дека е бремена сè додека не отишла во болница поради силни болки во стомакот, кои всушност биле контракции. Девојката вели дека не ѝ се познавало ни стомаче во текот на целата бременост.
Бри Блантон од САД тврди дека не знаела дека е бремена сè додека не почнала да се породува бидејќи, наводно, не само што немала никакви симптоми, туку немала ни стомаче.
Во септември минатата година, 18-годишната девојка се разбудила среде ноќ со силни болки во стомакот, по што нејзината мајка – 36-годишната Џенифер – веднаш ја однела во болница.
На Бри ѝ пукнал воденикот додека спиела и кога се разбудила од болките, помислила дека измокрила во креветот во сон.
На нејзино огромно изненадување, во болницата ѝ кажале дека всушност се породува.
Два часа подоцна таа ја родила ќерката Оакли и вели дека брзо се адаптирала на новата улога на мајка.
„Се разбудив и помислив дека сум измокрила во креветот. Чувствував многу силна болка. Кога ми кажаа дека сум бремена и се породувам бев во шок. Ѝ повторував на мајка ми дека тоа не е возможно“, открива младата мајка за Daily Mail.
„Ми ја дадоа ќерката веднаш откако се породив. Ми беа потребни добри четири часа откако се роди за да се смирам. Кога им кажав на пријателите дека имам бебе, само ми рекоа: 'Но не беше бремена'. Не им се веруваше“.
За неочекувана принова, мајката на Бри вели:
„Нам ни изгледаше како Бри да си легна, а се разбуди бремена. Носеше бикини во осмиот месец од бременоста и немаше стомаче. Немавме поим. Но, Оакли е благослов. Прекрасно е што ја гледам Бри како мајка“.
Бри вели дека во текот на целата бременост била мошне активна – јавала, одела на риболов и одела на лов – несвесна дека очекува дете.
„Ѝ купивме фустан за матурската четири месеци пред да се породи и ѝ беше точен. Ѝ беше точен и да денот на матурската, кога била во петтиот месец од бременоста“, споделува мајка ѝ.
Сепак, во текот на летото, Бри почувствувала гадење по обилен оброк, па мајка ѝ помислила дека можеби е бремена и ѝ рекла да направи тест.
„Го направи тестот пред мене. Беше негативен и потоа не зборувавме за тоа. Кога почна да се породува, бев испаничена. Не знаев што ѝ се случува на ќерка ми!
Кога медицинската сестра ми кажа дека се породува, без загрижена бидејќи Бри ќе има бебе за коешто не е подготвена. Дома немавме ништо за бебето“.
Бри и ќерката останале во болница два дена, а потоа биле пуштени бидејќи сè било во најдобар ред.
Сега Оакли има четири месеци, а Џенифер е горда бидејќи Бри била одлична мајка.
„Искрено, таа е најдобрата мајка што сум ја видела. Внуката веднаш нè освои. Постојано се смее и е многу среќно девојче“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





