Девојка која има 40 различни личности во себе, критикувана откако побара евтаназија - лекари тврдат дека тоа е нелегално

„Како да знаеме дека таа навистина бара да биде убиена, а барањето не е упатено од една од нејзините други 39 личности?“ – прашуваат дел од луѓето што ја проследија приказната за Французинката која бара да ѝ биде извршена евтаназија затоа што има синдром на повеќекратна личност. Лекарите тврдат дека таквото „убиство“ во Европа е нелегално.

jutjuberka-koja-tvrdi-deka-ima-40-razlichni-lichnosti-vo-sebe-i-bara-evtanazija-stana-meta-na-kritiki-kako-da-znaeme-deka-sigurno-taa-go-bara-toa-01.jpg

Олимпе е 23-годишна Французинка која е позната на YouTube по тоа што редовно споделува совети за менталното здравје, а за себе тврди дека има синдром на повеќекратна личност.

Неодамна нејзината приказна беше опфатена во поголем број светски медиуми откако таа најави дека поднела барање во клиника во Белгија да ѝ се изврши евтаназија.

Олимпе тврди дека пореметувањето кај неа настанало откако претходно била жртва на сексуално малтретирање и повеќепати била преселувана во различни згрижувачки домови во Франција.

jutjuberka-koja-tvrdi-deka-ima-40-razlichni-lichnosti-vo-sebe-i-bara-evtanazija-stana-meta-na-kritiki-kako-da-znaeme-deka-sigurno-taa-go-bara-toa-02.jpg

Таа вели дека во себе има 40 различни личности и на својот Инстаграм профил најави дека кон крајот на 2023-та година ќе има асистирано самоубиство, односно евтаназија во Белгија.

„Веќе сум во контакт со лекарите. Ова не е дебата. Ова е мојот живот. Таа одлука ја донесов многу тешко“ – рече Олимпе.

jutjuberka-koja-tvrdi-deka-ima-40-razlichni-lichnosti-vo-sebe-i-bara-evtanazija-stana-meta-na-kritiki-kako-da-znaeme-deka-sigurno-taa-go-bara-toa-03.jpg

Нејзината објава предизвика бурна дискусија, како во светските медиуми, така и на социјалните мрежи.

Лекар од споменатата клиника во Белгија, тврди дека никогаш не стапил во контакт со Олимпе, а појаснува дека процесот за одобрување на евтаназија може да потрае месеци или години.

„Не сум го видел нејзиното медицинско досие, но сум ги прочитал нејзините мејлови. Не одбиваме да се сретнеме со луѓе како неа, но им појаснуваме дека процесот може да трае неколку месеци или години.

Таа ја најавува сопствената смрт на крајот на годината, но таква информација никогаш не добила од мене“ – појаснува лекарот.

jutjuberka-koja-tvrdi-deka-ima-40-razlichni-lichnosti-vo-sebe-i-bara-evtanazija-stana-meta-na-kritiki-kako-da-znaeme-deka-sigurno-taa-go-bara-toa-04.jpg

Од друга страна, во медиумите се појаснува дека самиот процес на евтаназија не се извршува на тој начин како што јутјуберката го опишува и тоа што таа го бара во најголем број земји низ Европа се смета за убиство и е нелегално.

Во Белгија, Холандија, Луксембург, Германија и Шпанија е дозволено да се запре со третмани за одржување во живот на лица кои се во животно загрозувачка ситуација и тоа всушност подразбира евтаназија, а асистираното убиство се смета за противзаконско.

Самата Олимпе на Инстаграм вели дека не очекувала да се развие толку голема дебата околу нејзиниот случај, па најави дека ќе престане да објавува такви содржини, затоа што не сакала да влијае негативно врз младите луѓе што поминуваат низ период на депресија.

Од друга страна пак, твитерџиите масовно коментираат за нејзините објави, при што во некои од коментарите постојано се повторува прашањето:

„Како да знаеме дека таа бара самоубиство, а не една од личностите што се во неа?“

Повеќе фотографии од Олимпе на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...

Најчитани неделава