„Јас имам 24, а сопругот 85 години – постар е од дедо ми, но сакаме да имаме дете со асистирано оплодување“
- Детали
- вторник, 07 февруари 2023
Чарлс (85) и неговата сопруга (24) пробуваат да станат родители со асистирано оплодување, без разлика што тој е постар дури и од нејзиниот дедо. Парот вели дека не гледа проблем во возрасната разлика и покрај тоа што се соочуваат со многу критики.
Миракл Пог има 24 години, а нејзиниот сопруг Чарлс – 85. И покрај 61-годишната возрасна разлика и фактот дека Чарлс е постар дури и од дедото на сопругата, тие велат дека планираат да имаат деца со асистирано оплодување.
Чарлс нема деца, па се надева дека со Миракл конечно ќе има можност да стане татко.
Парот се запознал во 2019 година и велат дека веднаш се спријателиле. Околу една година подоцна, Чарлс ѝ признал на Миракл дека има чувства за неа, па во февруари 2020-та ја побарал за жена.
„Чарлс секој ден ме посетуваше на работа, а еден ден дојде, ми даде лист хартија и ми рече ’Запиши го твојот број‘, како вистински заводник. Тој е мојот витез во сјаен оклоп.
Односот ни беше многу добар, не се чувствував непријатно. Знаев дека е постар, но на почетокот не знаев колку точно години има. Кога му ја дознав возраста, веќе бев вљубена во него“.
„Не ме ни интересираше неговата возраст, само сакав да видам дали врската ќе успее. Не ми е грижа дали има 100 или 55 години.
Сепак, на почетокот мислев дека има 60 или 70 бидејќи изгледа многу добро. Постојано е активен“, открива девојката.
Миракл тврди дека уште на почетокот добила огромна поддршка од мајка ѝ (45) и дедо ѝ (72) бидејќи забележале дека е многу среќна. Сепак, нејзиниот татко (47) долг период се противел на врската.
„Дедо ми рече дека ако сум среќна, тогаш и тој е среќен. Но, татко ми ми рече ’Нема шанси‘. Ми требаше многу време да го убедам, но го прашав дали сака да ја изгуби ќерка му.
Му реков дека ако не дојде на свадбата, ќе ме изгуби засекогаш. Му реков дека ми треба неговата поддршка и дека сакам да ме однесе до олтарот. Штом го запозна Чарлс и поразговараа, и тато се вљуби во него“.
И Чарлс вели дека не ни помислува на возрасната разлика помеѓу него и сопругата.
„Нашата свадба беше прекрасна – најубавиот ден од мојот живот. Не гледам никаков проблем во разликата во години.
Но, бидејќи сепак станува збор за огромна разлика, парот се соочува со критики.
„Нам не ни е грижа што луѓето нè критикуваат, нека прават што сакаат. Ние сме среќни заедно и едвај чекаме да имаме деца“, споделува Чарлс.
Миракл вели дека сака да има барем две деца со Чарлс, и покрај тоа што е свесна дека ќе го надживее.
„Бевме во клиника за асистирано оплодување и се консултиравме за нашите опции. Сме биле во клиника и претходно, но не ни се допаѓаше што бевме осудувани од персоналот.
Сега го игнорирам тоа, сè додека знам дека ќе имаме дете. Можеби нема да успееме поради возраста на Чарлс, но не губам надеж“.
Миракл вели дека возраста на Чарлс сепак е причина за некои грижи:
„Се грижам за него. Неодамна се зарази со ковид и бев уништена. Се подготвуваме за најлошото. Чарлс ми вели дека можеби нема да биде жив за пет години, но јас му велам дека ќе нè надживее сите.
Реалистична сум и знам дека ќе живеам подолго, но пробувам да се забавувам што е можно повеќе со него“.
Миракл вели дека луѓето секогаш мислат дека се внука и дедо, а некои дури ѝ велат дека го користи Чарлс за пари.
„Се помирив со тоа дека луѓето си кажуваат што мислат. Имаат слобода да го прават тоа. Благословена сум што имам личност на која можам да ѝ се доверам.
Знам дека нашата врска изгледа чудно, но знам дека го имам него, а тој ме има мене“, додава таа.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





