„Имам 2-годишен син и носам разголена облека – ме навредуваат и ме нарекуваат лоша мајка“
- Детали
- понеделник, 06 февруари 2023
Чарли Хајес (22) има 2-годишен син, а вели дека поради впечатливиот моден стил, кој вклучува кратки здолништа и проѕирни маички, честопати е навредувана, па нарекувана и „лоша“ мајка, а злобните критики најчесто ги добива од жени.
Чарли Хајес (22), која е популарна на ТикТок со речиси 100.000 следбеници, има уникатен моден стил и честопати носи проѕирни маички или многу кратки здолништа и панталони.
И покрај многуте фанови, Чарли вели дека се соочува со многу критики за стилот, особен онлајн. Некои дури ја нарекувале и „лоша мајка“.
„Луѓето мислат дека сум лоша мајка бидејќи не се вклопувам во нивниот модел за типична мајка. Но, колку повеќе луѓе ми велат да го променам стилот, толку повеќе ќе се противам.
За мене е лудо тоа што облеката што ја носам може да ги разгневи луѓето и да ги натера да ги кажуваат најзлобните работи“.
Сепак, Чарли истакнува дека наставниците и другите вработени во училиштето имаат само почит за неа.
„Ниту еден од вработените не ме гледа со предрасуди, без разлика дали за изгледот или тоа што сум многу млада. Некогаш и другите мајки се фини.
Најмногу негативни реакции добивам на интернет – мислам дека овде луѓето се чувствуваат доволно безбедно за да кажуваат одвратни работи“.
За Чарли било огромно изненадување кога сфатила дека најчесто е критикувана од други жени.
„Полесно се справувам со критиките од мажи. Но, разочарувачки е кога критиките се од други мајки, особено мајки кои самите имаат тетоважи и алтернативен моден стил. Очекувам критики од мажи, но никогаш не очекував од жени“.
Младата мајка е уште позачудена бидејќи некои луѓе го критикуваат и 2-годишното синче за тоа што има долга коса.
„Најужасните коментари што ги добивам онлајн се насочени кон синот Џаспер и неговата коса. Ме имаат обвинувано дека сум го малтретирала, сум го запоставувала, дека сум го терала да биде трансродова личност.
Луѓето навистина се чудни – тој е само момче со долга коса. Си ја сака долгата коса, и тоа е тоа. Тоа е негов избор“.
Чарли е позагрижена за критиките насочени кон Џаспер, но истакнува дека засега тој не се соочува со проблеми на училиште.
Во врска со критиките за нејзиниот изглед, таа смета дека потекнуваат од очекувањето жените да изгледаат на одреден начин откако ќе станат мајки.
„Мислам дека од младите мајки се очекува да бидат скромни, тивки и да ги следат правилата. Но, јас немам што да им докажувам на другите. Јас сум добра мајка и Џаспер е прекрасно дете, па нема потреба да ги исполнувам очекувањата што општеството ги има за мајките.
Мислам дека е лудо што се очекува откако ќе родите дете – што е едно од најтешките работи што ќе ги направите – да се смирите и да станете послушни“.
Што мислите вие за стилот на младата мајка?
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





