11 секојдневни ситуации со кои несвесно оставате впечаток на некултурна личност

Кога доцните се правдате со фразата: „Еве доаѓам...“

Колку пати ви се случило некому што ве чека да му кажете дека доаѓате, а всушност да не сте излезени од дома.

Некултурно е да им го трошите времето на луѓето и да ги лажете дека брзо ќе стигнете, а всушност знаете дека ќе треба долго да ве чекаат.

11-sekojdnevni-situacii-vo-koi-na-site-mozhe-da-ni-se-sluchi-da-izgledame-nekulturno-06.jpg

Чистите во домот на пријателите

Убаво е кога некој сака да ви помогне, но пред да ги засукате ракавите во домот на пријателите сепак прашајте дали им пречи да помогнете, без разлика на тоа колку сте блиски. Не сакате погрешно да ја сфатат вашата добра намера.

11-sekojdnevni-situacii-vo-koi-na-site-mozhe-da-ni-se-sluchi-da-izgledame-nekulturno-07.jpg

Не мора секогаш да бидете искрени во целост

Можеби сметате дека со тоа што сте во целост искрени можете да му направите услуга, но искреноста не е секогаш најдобра.

Запомнете вистината некогаш може да боли, па подобро е да премолчите за некои работи за да не се доведете во конфликтни ситуации.

11-sekojdnevni-situacii-vo-koi-na-site-mozhe-da-ni-se-sluchi-da-izgledame-nekulturno-08.jpg

Кога станувате во автобус

Дали личноста на која ѝ остапувате место е повозрасна или само така изгледа? Дали е бремена или само така изгледа? Кога не сте сигурни дали е во ред да станете и да отстапите место, прво прашајте дали некој сака да седне. 

11-sekojdnevni-situacii-vo-koi-na-site-mozhe-da-ni-se-sluchi-da-izgledame-nekulturno-11.jpg

Не ѝ кажувате на пријателката дека нешто не е во ред со нејзиниот изглед

Ако вие забележавте дека пријателката има нешто на забите или дека хулахопките ѝ се скинати, тогаш и другите ќе забележат, а таа ќе биде засрамена.

Културно е дискретно да ѝ кажете дека треба да го поправи изгледот.

11-sekojdnevni-situacii-vo-koi-na-site-mozhe-da-ni-se-sluchi-da-izgledame-nekulturno-12.jpg

Премногу брзо се зближувате со луѓето

Се обидувате да наметнете пријателска атмосфера, затоа што сакате новиот колега да се чувствува добредојдено, па заради тоа сакате брзо да се зближите.

Некултурно е на личноста што не ја познавате да ѝ се обраќате на прекар, нагалено или веднаш да почнете да споделувате детали од својот приватен живот.

11-sekojdnevni-situacii-vo-koi-na-site-mozhe-da-ni-se-sluchi-da-izgledame-nekulturno-13.jpg

Плаќате нечија сметка без негово знаење

Сакате да бидете љубезни и да ја платите сметката, но запомнете, мора да оставите простор личноста што сакате да ја почестите да може да прифати или да одбие.

Ако инсистирате да платите нечија сметка кога некој не е свесен за тоа, само ќе направите да се чувствува непријатно.

11-sekojdnevni-situacii-vo-koi-na-site-mozhe-da-ni-se-sluchi-da-izgledame-nekulturno-14.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...

Најчитани неделава