„20-годишната јас беше сосема поинаква. Сакав да бидам мајка која останува дома. Бев заљубена во тип што го познавав од средно училиште и мислев дека ќе се венчаме и ќе имаме деца до 27 или 30 години, а јас ќе терам кариера на страна. Но, раскинавме на 25 и јас тргнав во сосема друга насока“, вели инфлуенсерката Британи Алин, која ја следат преку 115.000 луѓе на Инстаграм.
„Не ја прифаќав отсекогаш седата коса и не се чувствував самоуверена. Сега тоа е мојата карактерна особина што ме одредува. Луѓето секогаш мислат сивата боја е лажна“, вели Зои Миола која почнала да побелува на 9 години, а до својата 12-та година била 10% сива. Од дете чувствувала несигурност и срам, особено кога ја нарекувале „баба“.
Лен Олбрајтон (79) и Жанет Стир (78) од Англија, иако биле верени на 18 години, поради родителите морале да ја раскинат свршувачката. Повеќе од педесет години подоцна, тие повторно се сретнале и решиле да ѝ дадат втора шанса на љубовта, па се венчаа пред еден месец, а меѓу гостите беа нивните деца, внуци и правнуци.
Замислете дека одите нa гости кај пријатели, морате итно во тоалет, а на крај забележувате дека таму нема тоалетна хартија? Што ќе правите? Оваа жена тврди дека во нејзиниот дом веќе не купува тоалетна хартија туку сите користат семејна крпа.
Мартин Купер (94) во 1973-та година го измисли мобилниот телефон. Потоа уште десет години со тим од „Motorola“ работеше на негово усовршување. Денес, половина век откако го направи првиот повик од мобилен, Купер тврди дека наскоро мобилните телефони ќе ни бидат вградени под кожата, а нашето тело ќе биде полнач.
„Ми велеа дека тој никогаш нема да се ожени за мене, а денес живеам како принцеза“ – вели оваа девојка која се омажила за богат шеик од Дубаи, а редовно сака да споделува видеа и фотографии од луксузот во кој ужива. Таа вели дека наутро има само една задача – која е таа?
„Сакам многу лакови, венчиња, панделки, сè што светка. И секогаш ќе биде така. Ако треба да се изгладнувам за да ѝ купам светкав накит и дребулии на ќерка ми, ќе го направам тоа“, рече Кариса Спарк од Дорсет, Британија, во реалното шоу Blinging Up Baby.
Кејт Мидлтон сподели две фотки со нејзините деца по повод Денот на мајката, додека кралот Чарлс првпат го прослави празникот без мајка му и сподели стара фотка со неа.
Харнаам од Англија има синдром на полицистични јајници поради што ѝ расте брада, а поради малтретирањето на училиште, пробала и да си го одземе животот...
6-годишната гимнастичарка Олександа Паскал од Украина лани ја загуби ногата во руски ракетен напад, а откако пред неколку месеци доби протеза за ногата, повторно учеше да оди и сега повторно тренира, со што стана инспирација за многу нејзини врсници. Тажна приказна со инспиративен крај - доказ дека со упорност и желба, сè е можно...
„Сопругата ми се налути затоа што заборавив да го уплатам лото ливчето“ – вака ја започнува приказната мажот во Австралија кој успеал да освои по еден милион долари на две ливчиња. Тој раскажува како по расправијата со сопругата станал милионер.
„Посакувам некој да ми кажеше дека одењето на Оскарите не е настан што трае само еден ден“ – го започнува својот дневник Малала Јусуфзаи. Девојката што на 15 години беше застрелана од Талибанците затоа што одеше во училиште денес е млада дама, која со сопругот се појави на Оскари 2023.
„Мојот партнер ги фрла искористените контактни леќи позади креветот.“ „Мојата баба ја има оваа четка за коса со години и никогаш не ја чисти.“
Ивао Хакамада од Јапонија изминативе 55 години бил во затвор чекајќи да биде погубен, откако му била изречена смртна казна во 1968-ма. Но, нови...
„Сакав да се омажам со мојата коса, пред да почнам да ја губам поради следната хемотерапија“ - вели манекенката Кели Гарнер која боледува од рак на дебелото црево во четвртиот стадиум. Нејзиниот свршеник, рагби-играчот Џереми Финлејсон одлучил да ја изненади со свадба од соништата.
Дали разговорите ги завршувате најчесто со реченицата „те барам за кафе“, или пак сакате да ѝ помогнете на пријателката и без нејзино прашање станувате за да измиете садови по седенките. Во кои секојдневни ситуации може да ви се случи да изгледате некултурно?
Млада 23-годишна девојка и нејзиниот 25-годишен сопруг посвоиле две тинејџерки на возраст од 13 и 15 години и иако се пресреќни што им нудат можност за добар живот, истакнуваат дека луѓето обично не ги сфаќаат сериозно како родители.
Сони Боно и Шерилин Саркисијан, професионално познати како Сони и Шер, беа едно од најпознатите музички дуа од 1960-тите и 1970-тите. Тие првпат станаа славни со нивната хит песна „I Got You Babe“ во 1965 година, и брзо станаа омилена двојка и на сцената и надвор од неа. Сепак, нивната љубовна приказна не помина без предизвици и на крајот заврши со трагедија.