Овен со Бик и уште седум најлоши љубовни парови во хороскопот

И Овните и Биковите се тврдоглави, па наместо да направат компромис или едниот да попушти, двајцата партнери ќе одат со главата низ ѕид и ќе се караат сè додека не раскинат…

oven-i-uste-sedum-najlosi-ljubovni-parovi-vo-horoskopot-01_copy.jpg

Дали некогаш сте биле во врска која не функционирала без оглед на сè? Заљубени сте во вашиот партнер, но тој/таа ве излудува.

Па наместо да ѝ дадете нова шанса на врската (којзнае која по ред), вие се разделувате со многу расправии, лоши чувства и фрустрации.

Астролозите тврдат дека во врската големо влијание има хороскопскиот знак. Па без разлика дали верувате во астрологија, барем од забава може да прочитате дали сте хороскопски компатибилни со партнерот.

Ви ги претставуваме осумте најлоши љубовни парови во зодијакот… Дали сте и вие и вашиот партнер меѓу нив?

Овен и Бик

Бидејќи Овните се тврдоглави, а и Биковите исто така, штом некој ќе застане во место, нема да се помрдне. Биковите постојано ќе сакаат да знаат што мисли партнерот, ќе прашуваат дали ги сака, а ова го нервира Овенот.

Кога ќе стане очигледно дека врската мора да заврши, Овенот ќе посака да исчезне, а Бикот ќе бара објаснување по објаснување.

Бик и Стрелец

Бикот повремено ја цени мирната вечер дома, но Стрелецот секогаш е желен да излезе и да направи нешто возбудливо.

Стрелците уживаат во игрите на умот, а Биковите не се забавуваат многу со тоа.

Бикот едноставно не може да се справи со Стрелецот. Стрелците зад себе имаат многу врски и не ги сфаќаат работите сериозно.

Близнаци и Јарец

Ако сакате рецепт за катастрофа, спојте хороскопски знак кој е познат по љубовта кон забавата и разговорот (Близнаци) со знак кој е познат по тоа што не престанува да работи и сака да го планира секој детаљ од нивниот живот (Јарец).

Јарците не се спонтани и не дозволуваат работите само да се случат. Ова за кратко време ќе почне да ги фрустрира Близнаците.

Рак и Водолија

Ракот сака да седи дома, а Водолијата има слободен дух и сака да шета.

Бидејќи Ракот е независен, може да добие чувство дека Водолијата навистина не им треба; а Ракот треба да знае дека некој е целосно со нив.

Раковите нема да бидат среќни ако Водолиите постојано ги поправаат или им укажуваат на некоја грешка што ја направиле.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бик и уште 4 хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на март Рак - Периодот ќе биде многу поволен и на полето на љубовта, а односот со вашиот...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...

Најчитани неделава