Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта

Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, сака да направи да изгледаат глупаво или, генерално, им зборува со непочитување.

edna-rabota-shto-horoskopskite-znaci-nikogash-ne-ja-prostuvaat-vo-ljubovta01.jpg

Кога е во прашање личност којашто ја сакате, веројатно сте подготвени да простите многу пропусти и грешки.

Факт е дека не постои безгрешен партнер и во здрава врска, некогаш треба да се направат и компромиси.

Но, сите имаме по едно нешто што никогаш не би го простиле, дури и ако во очите на другите е безначајно.

За што никогаш не би простиле хороскопските знаци?

Овен – предавство

Овните се познати по тоа што ги ценат праведноста и лојалноста.

Во врските, искреноста, довербата и транспарентноста им се едно од најважните нешта и самите вложуваат многу токму во овие аспекти.

Поради ова, кога Овенот ќе искуси предавство, смета дека сè што вложил во врската е залудно и му се руши секоја доверба.

Ќе му биде особено тешко да прости и да заборави. Можеби ќе се обиде, но поверојатно е дека ќе престане да го сака партнерот.

Бик – неверство

Неверството е нешто што повеќето луѓе не би го простиле, но особено ги погодува Биковите кои имаат безусловна лојалност и посветениот кон партнерот.

Штом ќе бидат изневерени, Биковите ја губат целата доверба во партнерот.

Со ова се разнишува стабилноста на врската, што за нив е многу важна, и се чувствуваат многу ранливи.

Фактот што се тврдоглави го прави простувањето на неверството уште помалку веројатно.

Во комбинација со гневот што ќе го чувствуваат, мали се шансите дека некогаш ќе му дадат втора шанса на партнерот што ги изневерил.

Близнаци – непочитување

Близнаците се познати по својот интелект и нивната љубопитност и навистина сакаат да истражуваат.

Тие имаат и изразена интуиција, па лесно можат да забележат ако некој пробува да ги манипулира.

Иако уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, сака да направи да изгледаат глупаво или, генерално, им зборува со непочитување.

Ако го почувствуваат ова од нивниот партнер, без двоумење ставаат крај.

Тие сметаат дека воопшто не треба да трошат време и енергија на личност која веќе им покажала дека нема почит за нив.

Рак – напуштање

Раковите се емотивни личности со изразена емпатија.

Во врската важни им се интимноста, довербата и лојалноста, па ако партнерот одеднаш ги напуштил, се чувствуваат предадено.

Оваа ситуација им ја разнишува самодовербата, а и може да им биде тешко да сфатат зошто дошло до тоа.

Бидејќи самите се многу грижливи личности, сметаат дека ако некој ги напуштил без објаснување, тогаш воопшто не се грижи за нив.

Па, дури и ако партнерот си ја  признае грешката и побара втора шанса, Ракот тешко дека ќе му го овозможи тоа.

Лав – понижување

Лавовите се најгорделивиот знак во зодијакот и сакаат да се во центарот на вниманието.

Важно им е да бидат почитувани од другите, па тешко преболуваат ако некој проба да ги понижи, особено пред други луѓе.

Репутацијата им е едно од најважните нешта и никогаш нема да му простат на партнерот кој ги понижил, дури и ако тоа го направил несвесно.

За нив, понижувањето е вид саботажа и сметаат дека треба да се држат понастрана од личноста која им го приредила тоа, без разлика колку ја сакаат.

Девица – лажење

Девиците се практични личности кои ги ценат искреноста и интегритетот.

За нив е огромно „црвено знаменце“ ако партнерот ги лаже бидејќи ова се контри со нивните најдлабоки верувања.

Притоа, бидејќи лесно забележуваат детали и тешко дека некој може да скрие лага од Девиците.

Па, доколку партнерот негира дека ги излагал, ситуацијата може да стане уште полоша.

За нив, неискреноста е знак за незрелост и несигурност и сметаат дека не може да изградат живот со таква личност.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Една работа што треба да ја слушнете пред да стапите во брак, според месецот на раѓање Мај – не си дозволувајте животот да ви стане монотон штом ќе стапите во брак. Из...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg