Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта

Вага – нарушување на мирот
Вагите сакаат рамнотежа, а ако партнерот им ја нарушува оваа рамнотежа, не можат да замислат живот со него.
Тие се интуитивни личности кои секогаш ги земаат предвид чувствата и потребите на другите, особено на нивниот партнер.
Па, го очекуваат истото и од него – сакаат партнерот да покаже почит кон нивните потреби.
Нив им е важно во животот да бидат мирни, да не се соочуваат со драми, а партнерот кој не им го дозволува ова, брзо го забораваат и тешко дека некогаш би му простиле.
Скорпија – таинственост
Иако самите се таинствени, Скорпиите обично се мошне отворени и искрени пред нивниот партнер. И, истото го очекуваат и од него.
Скорпиите лесно можат да забележат кога некој пробува да скрие нешто од нив, но обично даваат шанса партнерот да ја сподели својата страна.
Сепак, ако партнерот продолжува со таинственост, Скорпиите сметаат дека со тоа ја изневерува нивната доверба и ставаат крај.
А, бидејќи се личности кои никогаш не забораваат, партнерот не може ни да се надева дека ќе му простат.
Стрелец – безнадежност
Стрелците се оптимисти и личности кои сакаат авантури.
Важен им е личниот развој и самите постојано работат на тоа да се подобра себеси.
Па, ако се со партнер кој не прави ништо, безделничи и генерално „зрачи“ безнадежност, не можат да издржат долго со него.
Стрелците не сакаат да пропуштаат можности и да стојат во место, па никогаш нема да му простат на партнер кој пробува да им ја „убие“ надежта за подобро утре.
Јарец – откажување
Јарците се амбициозни, вредни и посветени личности кои неретко си поставуваат мошне високи цели.
Па, не им годи партнер кој лесно се откажува, уште при првата пречка.
На почетокот можеби ќе се обидат да го бодрат, да му ја вратат самодовербата и да го охрабрат да продолжи напред.
Но, штом ќе забележат дека партнерот е „изгубен случај“, и самите престануваат да трошат време и енергија на него.
Во нивниот живот нема место за неамбициозни луѓе и чувствата брзо им се менуваат.
Водолија – конформизам
Водолиите се уникатни и мошне независни личности кои повеќе ја ценат својата слобода, отколку конформизмот.
Ако забележат дека нивниот партнер нема ништо уникатно кај себе и дека само се „слева“ со толпата, брзо ќе изгубат интерес.
Дури и ако партнерот им покажува љубов и не ги повредил, на Водолиите ќе им биде тешко да простат за неговата рамнодушност кон светот околу нив.
Со други зборови, штом забележат дека нивниот партнер е просечна личност, брзо губат интерес и ништо не може да ги натера да дадат уште една шанса.
Риби – недостаток од имагинација
Добро познат факт е дека Рибите се знакот со најизразена имагинација.
Креативни се и неретко имаат навика да се изгубат во своите мисли.
Цврсто ѝ веруваат на својата интуиција и сметаат дека сите треба да ги слушаат своите инстинкти.
Ако партнерот нема имагинација или, уште полошо, ја осудува нивната, тешко дека ќе му простат.
Рибите сакаат личност која ќе им помогне да ја развијат својата креативност, а не која ќе го „задушува“ нивното вистинско јас.
Спирова С. | Црнобело
