Кои хороскопски знаци се најсекси?

Каква е вашата романтична историја со хороскопските знаци? Ви одговараат Риби, Лавови или пак Водолии? Не знаевте зошто не ви оди со било кои други?

koj-horoskopski-znak-e-najseksi-01

Дознајте каква е личноста во љубовта и сексот преку хороскопот и откријте кој знак најмногу ви одговара.

Овен: Едно минутен освојувач
Овој огнен знак е познат по тоа што цели многу прецизно. Тие немаат грижа на совест да ги споделат своите желби и фантазии. Но, има мал проблем со овие ловци – тие секогаш брзаат да стигнат до единствената цел која си ја поставиле. Па, доколку сакате да добиете нешто во најбрз можен рок, секогаш е добро да одберете Овен.

Бик: Романтичар
За разлика од Овенот, Биковите сакаат да имаат време за размислување и дејствување. Планираат долгорочно како да заведат или да бидат заведени. И кога еднаш Бикот ќе ве здогледа и реши дека сака да сте негови, верувајте дека ве очекува долга предигра. Ако романтиката е ваш избор, Бикот е одличен знак за вас.

Близнаци: Зборувач
Близнаците сакаат кога е сè јасно кажано. Ако имате едноставен вкус може да останете зачудени и шокирани од заводливите монолози на Близнаците. Но, ако телефонскиот секс е ваша омилена работа, тогаш Близнаците се совршениот пар за вас. Бидете подготвени дека ќе го искусите крајот на светот со нив.

Рак: Љубовник
Раковите се доста чувствителен знак, што значи дека сексот за нив не е само физички акт. Тие уживаат во љубовта, ја почитуваат вредноста на сите добри нешта. Ако планирате да се разголите пред Рак бидете подготвени на долга и интензивна вечер, преполна со емоции. И можеби неколку солзи потоа.

Лав: Нарцис
Страсните и авантуристички настроени Лавови се она што ви е потребно ако сакавте неверојатно задоволство. Тие се родени да доминираат во секој поглед, па така и во креветот. Не се помируваат лесно ако некој сака да им го заземе местото заради нивната преголема самодоверба. Ако одберете Лав партнер или партнерка, бидете подготвени за ноќи кои нема да ги заборавите никогаш.

Девица: Зависник од секс
Колку и да е контрадикторно, на прв поглед срамежливите Девици обожаваат да го растресат вашиот свет. Еднаш кога Девицата ќе ве запознае и ќе ви верува доволно, пазете се. Бидете подготвени дека нема да имате една мирна ноќ.

Останатите 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg