Без навреда: Кој дефект го има вашиот хороскопски знак?


Без навреда: Кој дефект го има вашиот хороскопски знак?

Луѓето се навикнати да читаат на интернет само фини работи и пофалби за својот знак. Но, постои и саркастичен приказ на Зодијакот.

bez-navreda-koj-defekt-go-ima-vashiot-horoskopski-znak-01.jpg

Иако сето ова е забавно, размислите, колку од тоа е вистина?

Можеби и не е сосема случајно се само за забава:

Овен

Припадниците на овој знак се болно посесивни и сакаат да ја одземат целата слобода на партнерот, а себеси да се задоволат со харем на љубовници. Несредени се и мозокот им лета од работа на работа, а истите мора веднаш да бидат задоволени. Немаат нежност, себични се и нападни, не се препуштаат на партнерот, а не го ни слушаат.

Бик

Безгрижни, молчаливи личности кои се неверојатно здодевни. Нивниот најголем психолошки проблем е што немаат проблеми. Сè им е супер и не се обидувајте да ги мачите со вашите проблеми, бидејќи тие ги немаат. Нив треба да им создадете проблем за животот да им биде поинтересен. Но, внимавајте, нивниот мир може да се претвори и во манично лудило.

Близнаци

Тие се главните озборувачи и трачари во друштвото, превртливи „издаици“ со дволични аршини кои ги менуваат на секој 10 до 15 минути. Близнаците се вечни актери и нарциси со површни погледи кон животот. Суровата реалност е дека се повеќе личности истовремено и никогаш не можете да знаете на што сте.

Рак

Посесивни лудаци кои се навредуваат ако „доброто утро“ не сте им го посакале со правилна интонација. Ако ги навредите или обвините за нешто ќе се навредат и ќе плачат и кукаат со години. Својата личност ја менуваат од крајност во крајност, а ако сакате да имате темпирана бомба покрај себе кој редовно експлодира на неколку денови, само напред.

Лав

Арогантни, вообразени и напорни потценувачи. Лавовите веруваат дека нивното влегување во просторијата го следат рефлектори и дека во истата се наоѓа најмалку една личност која ги обожава. Па, ако сте со Лав, ќе морате да научите да бидете итри како лисица, секогаш при рака со комплименти, да се согласувате со сè што ќе каже и да го обожавате без причина.

Девица

Опсесивно компулсивни невротици кои се ослободуваат од стресот со чистење на домот, со местење на облеката и полирање на порцеланот. Незаситени се и упорни и никогаш, дури и совршеното не им е доволно. Припадниците на овој знак не знаат за љубов, а можете да бидете сигурни за една работа, кога тогаш ќе ви забијат нож во грбот.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои треба да ги знаете пред да влезете во врска со Овен Официјално започна сезоната на Овен, а по тој повод откриваме неколку работи за ...
Колку „големи љубови“ во животот ќе има секој хороскопски знак? Хороскопот влијае на тоа како ги бирате партнерите, но и диктира колку големи љу...
Една работа која секој хороскопски знак треба да ја направи пред 30-тата година Секој човек има различна природа и има нешто посебно кон што се стреми во живото...

Најчитани неделава