Годишен хороскоп за 2017-та - Водолија

Во 2017-та ќе бидете склони на разоткривање на мистериите на животот. Најголем интерес ќе покажете за лица кои креативно ќе ве разбудат. Не ви се потребни во мерка во која нив им требате, што може да доведе до краткотрајни кавги, кога се работи за приватните врски.

godisen-horoskop-za-2017-ta-vodolija-1.jpg

Годишниот хороскоп покажува дека 2017-та е поволна година, благодарение на положбата на планетите. Ве очекува мирна година во која ќе ги соберете плодовите од вложениот труд.

Работа и финансии

Можеби нема да доживеете спектакуларен финансиски успех, но секако ќе напредувате. Ако некои проекти не наидат на поддршка, тоа само ќе ве поттикне да истапите со нова и свежа идеја, и да бидете многу подобри од претходно.

Најдобро е да започнете нови проекти кон крајот на пролетта или да ги развивате оние кои веќе започнале да растат.

Запаметете, ослободувањето од стари идеи ќе ви помогне да се родат нови. Потрудете се да ги оставите долговите зад себе, како и проблемите со потрошувачката, за да направите простор за продуктивноста.

Трудете се да склопите деловни договори со Ваги и Лавови, тие ќе се покажат како најуспешни.

Ова е идеална година за Водолиите кои бараат работа, бидејќи некои ќе имаат шанса и да избираат меѓу повеќе.

Љубов, семејство и социјален живот

Ова е година на промени. Водолиите често ги избегнуваат романтичните и интимни односи на долги патеки, во корист на својата независност, но 2017-та ќе биде поинаква - емотивна. Тоа значи дека ќе влезете во врска на која ќе ѝ дадете шанса да стане подлабока.

До есен, можностите да го отворите срцето се најголеми.

Ако барате нов партнер, побарајте го во знакот на Вага или Стрелец.

Колку и да се чувствувате неподготвени во моментот, оваа година треба да се обидувате. Време е да се ослободите од внатрешните стравови и малку повеќе да им верувате на луѓето.

Вашата креативна и ексцентрична природа ќе ви помогне да постигнете заедништво, не ја потиснувајте.

Здравје

На здравото тело му е потребен смирен ум, затоа работете на внатрешниот мир и спокојството. Обидете се да избегнувате стресни ситуации и проблеми во кои директно не сте вклучени. Имајте на ум дека срцето ви е слаба точка секогаш и испланирајте активности како би се релаксирале. Внесувајте повеќе магнезиум.

Би можело да ве интересира:

5 работи што му го кршат срцето на секој хороскопски знак – што најмногу ги боли? Бик - Непосакуван крај – тие ги држат до последно конците, а срцето им се крши к...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Годишен хороскоп за 2026: Стрелец 2026 година за Стрелците носи длабоки промени, освестување и нови можности, при ...

Најчитани неделава