Според хороскопот - зошто ги прекинувате љубовните врски?

Zosto-gi-prekinuvate-ljubovnite-vrski-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

ВОЗДУШНИ ЗНАЦИ

Близнаци, Вага, Водолија

Дел од овие знаци многу лесно „шараат“ надвор од линиите на врската, а дел се познати по својата лојалност. Сè зависи од самиот знак, а овие 3 имаат исто толку сличности колку и разлики меѓу нив.

Но, секој од нив има потенцијал во себе да го изневери партнерот. Постои добра причина зошто трите се сместени во категоријата воздушни знаци.

Воздухот симболизира слобода и живот без ограничувања. Со самото тоа, верноста за нив е прилично тешко остварлива категорија.

БЛИЗНАЦИ – Секогаш се борат со искушенијата

Близнаците навистина не може да се смират на едно место. Се борат со концептот верност кога се работи за љубовна врска.

Тие, исто така, имаат проблем со искушенија. Постојано се прашуваат дали тревата е позелена во дворот на соседот и едноставно мора самите да го откријат тоа.

Вечно се љубопитни, што е одличен квалитет кога станува збор за учење и патување, но не и кога се работи за врски.

Ова ги прави едни од најголемите изневерници во Зодијакот.

ВАГА – Ќе запознае некој кој изгледа поубаво

Вагите се можеби најмногу опседнати со надворешниот изглед и убавината од сите хороскопски знаци. Тие би останале во врска со некој кој не се однесува премногу добро со нив, само затоа што има манекенски изглед.

Ова секако не е некоја добра навика, но е дел од нивниот карактер. Тие се грижат многу повеќе за тоа како изгледа партнерот од сите останати.

Најчесто ги прекинуваат своите среќни љубовни врски само затоа што запознале некој кој изгледа подобро од нивниот партнер.

ВОДОЛИЈА – Потајно сакаат драма

Водолијата никогаш нема да ви го признае ова, бидејќи сакаат да се однесуваат како да се над неа, но тие потајно обожаваат драма во врската.

И момците и девојките Водолии едноставно не може да одолеат и да не ја зачинат врската со некои испади поради малку возбуда.

Тие не сакаат монотони врски. Тие сакаат драма, љубомора, малку солзи, малку викање, многу прегратки и жежок секс за помирување.

Секој кој нема да им ги исполни овие очекувања наскоро ќе се најде на „црната“ листа на напуштени и оставени.

ВОДЕНИ ЗНАЦИ

Рак, Скорпија, Риби

Овие знаци се големи романтичари, па звучи чудно кога такви верни, нежни и романтични души одеднаш ќе се решат да ја прекинат врската, нели?

Но, групата водени знаци има навистина богата фантазија. Тие дозволуваат фантазијата слободно да расте и да се развива и одеднаш, личноста која само ја гледале случајно секој ден може да им стане опсесија.

Тогаш добиваат желба да истражат дали ваквите симпатии имаат некаква иднина и потенцијал.

РАК – Премногу се плаши да иницира раскинување

Ракот, познат по својата дарежлива и емпатична природа може прилично да ве изненади кога ќе откриете дека крие нешто во врската.

Но, доколку Ракот чувствува дека партнерот не се однесува со него онака како што заслужува, погледите ќе започнат да им „шараат“ по други луѓе.

Сепак, Раковите се плашат први да ја прекинат врската. Тоа не е нивен стил. Затоа ќе направат сè што е во нивна моќ малку да ве изманипулираат и да ве доведат во ситуација вие први да им раскинете, кога потајно тие ги влечат конците.

СКОРПИЈА – Дозволуваат емоциите целосно да владеат со нив

Доколку Скорпиите запознаат некој кој силно ги привлекува, а веќе се во врска, првично може да му одолеат на искушението.

Но, оваа самоконтрола обично не трае многу долго. Доколку слободно ја пуштат фантазијата, емоциите лесно ќе преовладеат.

За нив нема правила во љубовта и војната и сè е дозволено. Затоа и не се грижат премногу за последиците, а главниот аргумент им е дека мора да се следи инстинктот и емоциите.

Кога ќе се обидете да им укажете дека ваквото однесување е погрешно, тие нема да ве послушаат.

РИБИ – Живеат во своја фантазија

Типично за Рибите како најголеми фантазери, тие мразат да ги раскинуваат врските, но подеднакво мразат да бидат дел од една несреќна врска.

Потајно копнеат по вистинска љубов од бајките. Доколку не може да ја пронајдат во врската која ја имаат, тие полека се ладат и се оддалечуваат.

Многу слични се како Раковите во врска со ова прашање, само помалку манипулативно настроени.

Ќе се стават во потрага по подобар партнер, бидејќи нивната совршена љубов од приказните им е главниот порив и мотивација за ваквото однесување.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg